Ману Чао во Дојран!

Ману Чао во Дојран!

Ману Чао Ла Вентура на Д Фестивал во Дојран! Недела, 19-ти јули, паркинг Гранит. Запишете, заокружете, подвлечете, болдирајте го датумот... Дојран Нов, Дојран Стар, Ману Чао е цар.

Револуционерниот музичар, активист и еден од најважните гласови на светската музика МАНУ ЧАО доаѓа на Д ФЕСТИВАЛ за средба со омилената македонска публика со која негува уникатна сплотеност и љубов! Големата прослава на затворањето на јубилејното петто издание на Д ФЕСТИВАЛ е загарантирана со искрената и неверојатна енергија на музичкиот гениј МАНУ ЧАО кој ќе ја предводи програмата на главната бина со настап во недела, на 19. јули! Ману во Дојран доаѓа со својата „Ла Вентура“, која, покрај него, ја сочинуваат уште и гитаристот Маџид, басистот Гамбит и тапанарот Гарбансито, а посебно за настапот во уникатната фестивалска атмосфера на Д ФЕСТИВАЛ, тие доаѓаат и во проширен состав. „Ла Вентура“ во Дојран ќе биде засилена со музичари на дувачки инструменти за шестчлен состав еднакво силен како легендарната „Радио Бемба“, а сет листата покрај најголемите химни како што се „Clandestino“, „Rainin’ In Paradize“, „Mi Vida“, „Politik Kills“ или „Mala Vida“, вклучува и бројни изненадувања, необјавени песни и обработки на легенди како што е Боб Марли!

Manu-Chao-La-Ventura

Ману минатата година одржа низа настапи на најголемите светски фестивали како што се „Роскилде“ и „Вудсток“, годинава ги предводи најзвучните фестивали во Европа, а неодамна одржа и неколку стадионски настапи во Аргентина и Колумбија!

„Оваа година, на наше особено задоволство Господинот Хозе Мануел Томас Артур Чао Ортега и официјално станува најпознатата личност која стапнала во Дојран после славниот Благој Истатов.“ – велат од Пасворд Продакшн .

451737346

Револуционерно продорен и подеднакво мирољубив, познат по својот општествен активизам и незадржливите стихови, Ману Чао е еден од највлијателните музичари во новата историја, подеднакво почитуван ширум планетата со концерти на пет континенти! Францускиот уметник и активист со шпанско потекло, својот карактеристичен звук го градеше преку разни панк влијанија како што се „Д Клеш“ (The Clash), „Џем“ (Jam) или Д-р Филгуд (Dr. Feelgood). Неговите песни се карактеризираат со бескомпромисни стихови, поради што е признаен како глас на слободарските генерации и свесните луѓе кои не го прифаќаат диктатот на глобалната политика и сѐ поголемото отуѓување во современиот свет. Ману, како ниеден друг музичар на светот, ги обединува панк ставот, лиричноста на шансоните, ритмиката на салсата, егалитаризмот на регето и еуфоријата на ска музиката, што на неговите песни им дава посебен шарм, близок до публиката на сите меридијани.

49eea7f6a77810c3f437a41a38f2d4f90a536ae9 tn647x298

Ману пее дури на седум јазици, а темите ги опфаќаат политичката критика, имиграцијата, љубовта, животот во гето, слободата на мислењето и живеењето, како и приказните за автентичните случувања од своето живописно искуство. Уште кога со својот брат Антоан ја водеше групата „Мано Негра“, тој настапуваше во неколку приморски локации во Африка на бина приградена на бродска палуба со која патуваа за време на целата турнеја. Уште една нетипична бина е секако и возот „The Ice Express“ на кој настапуваше и патуваше за време на турнејата низ руралните делови на Колумбија. Повеќе од пет милиони продадени примероци од наградуваниот албум „Clandestino“ сведочат за далекусежноста на неговиот звук и влијание, како и фактот дека Роби Вилијамс и Лили Ален ги обработија песните „Bongo Bong“ и „Je ne t'aime plus“ и ги објавија како единствена нумера на албумот на Роби насловен „Rudebox“.

Manu-Chao 01 photo-Alex-Laurel640x340

Покрај МАНУ ЧАО ЛА ВЕНТУРА, своите настапи на главната бина на тридневниот музички маратон Д ФЕСТИВАЛ ги потврдија и КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ фт. ТК ВОНДЕР, ФОЛТИН, БЕД КОПИ, ЉУБОЈНА БРАС ФАНТАЗИ, ФУЛИШ ГРИН, ПМГ КОЛЕКТИВ, БЛА БЛА БЛА..., ЗАА, БАИЛДСА, КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ и ДРАМ’ЕН’БРАС ТРИО. Само во рамки на музичката програма на Д ФЕСТИВАЛ од 17. до 19. јули во Дојран ќе гостуваат повеќе од 30 изведувачи, а покрај тоа најавени се и бројни гости од дополнителните активности на фестивалот. Наскоро очекувајте ја целосната програма на Д ФЕСТИВАЛ 2015.

ЗАПОЧНУВА И СПЕЦИЈАЛНАТА СТУДЕНТСКА АКЦИЈА „4+1“

 


Покрај промотивните фестивалски и еднодневни велзници кои веќе се достапни во продажба, од 1. јуни започнува да се спроведува и специјалната акција „4+1“ наменета исклучиво за студентите во Македонија. Во рамки на оваа акција за 4 купени фестивалски влезници, петтата влезница ја добивате бесплатно, како и гратис камп за сите петмина. Сѐ што треба да направите е да го соберете вашето омилено друштво, задолжително да носите студентска легитимација и да се упатите во едно од официјалните продажни места на Д ФЕСТИВАЛ. За оваа акција да биде уште подостапна, Д ФЕСТИВАЛ ќе се погрижи и околу здружувањето на сите заинтересирани. Доколку не можете да се екипирате, за полесно да ги најдете вашите пајташи за на фестивалот и полесно да стигнете до единечна карта за тридневен фестивал која практично ќе ве чини 480 денари, задолжително следете ја официјалната фејсбук страница на Д ФЕСТИВАЛ.

Фестивалските билети за тридневниот музички маратон на разумот од 17. до 19. јули, вклучувајќи го и сместувањето на ептен независниот камп, во претпродажба чинат 600 денари.

Претпродажбата ќе се спроведува до 1. јули и се однесува на ограничен број на влезници.



ЕДНОДНЕВНИ ВЛЕЗНИЦИ:
Ден 1 (17. Јули) - 250 денари
Ден 2 (18. Јули) - 250 денари
Ден 3 (19. Јули) - 350 денари

ФЕСТИВАЛСКА ВЛЕЗНИЦА (+ бесплатен камп) - 600 денари

Продажбата на влезниците се спроведува преку МКТИКЕТС или поточно во:
• продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово,Гостивар, Битола, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија;
• во Скопје: Југотон (ГТЦ 1 кат), Тобако - МПМ ПРЕС, Кафе Браво, Кафе Круг (Аеродром), Универзална Сала, Тобако 2 -Скопјанка, Тобако - Дрводекор, Супер Тобако 8;
• во Тетово: Алпине Спорт; 
• во Охрид: Њу Тобако и ЗиЗи Топ.
• во Кавадарци: Ровим Ком.
• Куманово: Кафе Агора
• Кочани: Комисион Шишко
• Дојран: Сендвичара Џина
• Гевгелија: Т.А. Путник

Сè за и околу влезниците за Д Фестивал, тука