Џун на Сигет!

Џун на Сигет!

June на 12.08 ќе настапат на Europe stage на еден од најголемите светски фестивали, Sziget во Будимпешта.

Robbie Williams, Avicii, Florence and the machine и Limp Bizkit се само дел од неколкуте стотици артисти кои годинава ќе настапат на островот Обуда во унгарската престолнина.

Sziget ќе се оддржи по 22-ри пат, а како и претходните неколку така и оваа година се очекуваат околу 400.000 посетители од повеќе од 70 земји.

Нашиот бенд се најде во музичката понуда на Sziget преку Програмата за размена на таленти од Централна и Источна Европа (CEETEP). Дел од критериумите по кои се бираат бендовите за Europe stage се креативниот потенцијал, свежината и мултикултурниот елемент во нивното творештво.

Претставувањето на нивната музика на Sziget е прва прилика за June да се покажат на сериозно голема сцена, предизвик кој доаѓа веднаш по победата на натпреварот Converse rubber tracks.

junevnatre

June беа еден од 4-те македонски неафирмирани бендови кои на натпреварот во конкуренција од преку 100 млади артисти и групи од регионот, ја добија главната награда - бесплатно снимање во култното Студио М во Нови Сад. June, Clowd Town, Визија од Скопје и Këpurdhat од Тетово добија можност да работат во професионални услови под будното око на искусни продуценти од Бруклин и Србија.

Додека траат подготовките за настапот на Sziget и го чекаме производот на June од снимањето во Нови Сад, нивната музика слушајте ја на:

Sound cloud
YouTube
Facebook
Официјален сајт