Големата хрватска рокенрол уцена

Големата хрватска рокенрол уцена

Ако сакате буџетски пари за алтернативната сцена, пола од музиката на фестивалите и по клубовите да е потпишана од домашни автори.

Ова е од прилика условот што новиот министер за култура на Хрватска, Берислав Шипуш, им го постави на промотерите на рокенролот и современата музика.

Уште не седнат во фотељата, министерот Шипуш се сретна со здружението Промо и понуди решение - ако сакате поддршка и буџетски пари, околу 50 проценти од музичката содржина во фестивалските и клубските програми мора да биде од домашно авторско производство.

Битката на здружението Промо (составено од најголемите хрватски алтернативни фестивали, клубови, промотери...) со тамошните културни власти трае веќе некое време.

Промо се бунат зошто во хрватскиот културен буџет предност со години имаат класиката и џезот, а алтернативата е во основа игнорирана, иако е силно обележје на хрватската култура.

На Промо им дојде преку глава со последното, според нив скандалозно распределување на средства за музички програми од градскиот буџет на Загреб и хрватската државна каса.

И додека во Хрватска се бие битка за препознавање на рокенрол концертите како јавна потреба во културата, кај нас артисти добиваат државни субвенции од 4.500 евра за песни во кои животот им се сведува на, што би рекла колешката Анета - црно/бело.

Повеќе за хрватската рокерол битка, тука.