Македонските бендови растурија на Converse rubber tracks

Македонските бендови растурија на Converse rubber tracks

Сите 4 македонски состави кои влегоа во финалната фаза на регионалното натпреварување за млади и неафирмирани артисти, Converse rubber tracks - завршија како победници и ја освоија главната награда.

Cloud town, June и Визија од Скопје и Këpurdhat од Тетово се меѓу 7-те победници на Converse rubber trucks, што значи дека од 4-ти до 7-ми мај ќе можат да работат во професионални услови во славното Студио М во Нови Сад. Тоа што ќе го сработат ќе биде под надзор на продуценти од Converse rubber tracks студиото од Бруклин, како и од нивните српски колеги.

По серија музички работилници во Скопје, Белград, Нови Сад, Ниш, Загреб, Сплит, Сараево и Бања Лука, на 1-ви март започна конкурсот на кој се пријавија повеќе од 100 бендови од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. 

Со онлајн гласање потоа беа одбрани 15 финалисти, а за победничката седумка одлучуваше жири, чии членови беа Мирела Приселац Реми од Елементал, Владимир Радусиновиќ Радуле од Атеист рап и Марко Селиќ Марчело. 

Останатите 3 состави кои ја добија наградата: Виолета и Šajzerbiterlemon од Белград и Раскид 13 од Панчево.

Cloud town конкурираа со песната The lounge room (ft. Jonin, Dj Drama Zad agolot), June со Live out loud, Визија со Гласот на мојата душа и Këpurdhat со The unknown.

тука и официјално