The Government - гости на концертот на Skyrise

The Government - гости на концертот на Skyrise

Битолскиот инди состав The Government ќе настапи како предгрупа на концертот на Skyrise во Младинскиот културен центар во Скопје.

Датумот на концертот е променет, па така настапот на Skyrise е презакажан за 03.04.2015 во 21 часот

thegovernmentzanasajt

 

Концертната промоција на албумот To Unknown е одлична прилика да се чуе материјалот од првото издание на Skyrise, издаден лани за Password production. Скромниот но самоуверен пристап на бендот најавува светла иднина за Skyrise, чија музика е далеку од локална и ги исполнува стандардите на зрел и јасен арт рок израз. Материјалот кој се најде на албумот ги пробива границите и во стилска и во јазична смисла и заминува на пат кон непознатиот и неоткриен простор на музиката.

The Government, чии членови долго време се активни на битолската независна сцена во различни состави, имаат издржан инди рок израз, и слично како Skyrise претендираат да не бидат заробени од локалните артистички норми. Релативно свежата формација, која неодамна настапи на Фестивалот на независна музика - Битолски зејотрес, се' повеќе го привлекува вниманието и добива одлични реакции од публиката. Нивната задача ќе биде да го подготват теренот за настапот на тетовците Skyrise во петочната вечер на 03.04.

Skyrise се: Благоја Евковски (вокал, гитара, синтисајзер), Бојан Рафајловски (гитара), Дејан Дојевски (бас) и Бојан Евковски на тапани.

https://www.facebook.com/skyrise.bandpage

https://www.youtube.com/user/SKYRISEChannel

The Government се: Горан Јаневски (вокал и гитара,) Златко Никодиновски (пропратен вокал, гитара,) Александар Тунев (тапани,) Томе Спасовски (пропратен вокал, бас.)

https://www.facebook.com/pages/The-Government/244075745730011?fref=ts 

https://www.youtube.com/channel/UCA5OfeCNcrCkDl0pQD5EODw 

poster-government