А ја кажем А, где је Америка!

А ја кажем А, где је Америка!

Пред точно 20-21 година, на свои 17-18 талкав по Белград и регионот на концерти. На еден од нив го забележав еден од идолите, Влада Дивљан. Морав да му пријдам, ама не сакав да звучам ко глуп копиљ и му сложив приказна дека сакам да правам документарец за него и бендот. Следниот ден договоривме да се видиме и ми дојде со цела кутија видео касети, магазини од различен формат собирани низ целата негова кариера. Едвај се домкнав до дома, складирав све во детска и читав, гледав, слушав по цел ден... Убаво е да се буричка по животот на другите.

Помина година и Влада ми се јави, ме најде, не знам ни како, бараше да му ги вратам материјалите. Му требале за друг медиум да прават документарец за него. Sвонеше еднаш, два пати, одлагав малку, ветував дека наскоро ќе ги донесам и заминав назад за Белград да му ги доставам. Паметам, се најдовме во Дом Омладине, седнавме и чекавме конобар, а јас морав што поскоро да кажам, ќе полудев.

- Влада, знаеш што, ги изгубив сите материјали, не можам да ги најдам, вероватно при селењето дома, негде ми исчезнале, извини!

 

Чекав бокс, бев спремен за најгадните зборови да ги истрпам, да ме избрка доживотно од себе и со отворено право да ми прави што сака. А он само изусти "Логин, да те ебам, ти плаќаш онда пиво!"

 

Не ми се веруваше дека тоа го слушам, се збунив, потврдив и со нозе, раце, глас, станав отидов по конобарот, не можев да седам од возбуда, среќен како омладинец со право на глас!

 

Никогаш не си верував ни сам на оваа случка, зар толку можеше да прости, зар толку е можно да биде некој добар?!

 

Станавме уште поголеми пријатели, мене судбината вистински ме одведе на отворен екран, а после ме спаси и шутна да бидам блиску до музиката. Сигурно од тогаш се видовме 20-30 пати во живо, му организирав и 10ина настапи низ цел Балкан... Ми веруваше како на син, за све, пари, техника, избор на место за настап, а му се радуваше и на се' што ќе слушнеше за мене. Нашата последна средба, лани на Буба Мара, поминавме 3 убави дена заедно. Ја доби својата прва награда во живот, насмеан ми призна дека е болен и замоли да не знае никој.

 

Се бореше сам, не молеше и бараше ништо. Требаше да настапи оваа нова година во Скопје, но се премисли за да не ме заебе во последен момент ако случајно не биде во добра здравствена кондиција.

 

И не беше добар, беше најдобар!

 

Почивај во мир пријателе!!!!!!!!!!!!!

 

Логин