Foolish Green на MENT Festival & Showcase

Foolish Green на MENT Festival & Showcase

Foolish Green е единствениот македонски бенд кој оваа година ќе настапи на дебитантската музичка конференција во Љубљана наречена MENT Festival & Conference.

MENT се случува на повеќе локации во периодот од 4 до 6 февруари во главниот град на Словенија, Љубљана. Foolish Green се меѓу педесетте избрани бендови кои ќе имаат чест да се презентираат пред луѓето од музичката индустрија (фестивали, промотери, агенти, музички професионалци, клубови, новинари од Велика Британија, Франција, Италија, Данска, Норвешка, Германија, Австрија, Исланд, Шведска, Швајцарија, Полска, Чешка, Словечка и балканските земји).

Foolish Green ќе настапат во клубот Громка на Метелкова, во петок, 6ти февруари со почеток во 00.30ч - раширете ја веста!!!

Покрај настапот на MENT, Foolish Green во четврток (05.02) ќе го имаат својот дебитантски настап во култниот КСЕТ во Загреб, додека пак во сабота ќе настапот во популарниот КЦ Град во Белград заедно со новиот проект на Борис Властелица од Репетитор, наречен Црви. Концертите и во Загреб и во Белград започнуваат во 22 часот.

Инаку како новогодишен подарок, Foolish Green го објавнија нивниот прв сингл на македонски јазик, насловен „Далеку“ кој може да го чуете тука