MENT

MENT

Музичка конференција во Љубљана, со 17 панел дискусии и повеќе од 40 концерти следува на 4, 5ти и 6ти февруари.

MENT носи музика, уметност, креативност и медиуми, технологија, спојување и дебатирање. Конференцијата ја користи својата геостратешка положба, покажувајќи дека се гордее со своите мали, но сепак уникатни, живи и разновидни бранови на локалната сцена, а истовремено и се изложува на внимателно избрани меѓународни гости и нови музички таленти "од Балканот кон балтичките земји и пошироко".

Музичарите кои се дел од SHOWCASE програмата доаѓаат во Љубљана дури од Скандинавија, Италија, Франција, Полска, Словачка и Русија.. 

Еве што се ќе се случува на нешто помалку од 1000 км од Скопје: http://www.ment.si/

Панелисти, музички професионалци, промотери, Балкан, пошироко: http://www.ment.si/panelists/ 

Фулиш Грин се дел од музичката програма со настап на 6ти во петок, во клубот Громка на Метелкова.

Ако имате браќа, другари, познаници таму, ова е викендот што треба да го искористите за преспивање кај познати во Љубљана.

Ако не, убаво да си поминеме и прераскажеме подоцна!