Голем белградски концерт во Март!

Голем белградски концерт во Март!

С.А.Р.С. ќе го одржи досега најголемиот самостоен концерт во Белград, на 7ми март 2015та година, во Хала Спортова и во организација на промотерската куќа Лонг Плеј од Белград.

"Хала Спортова никако не можеме да ја доживееме како уште `само еден` наш концерт,

затоа што тоа всушност ќе биде круна на сите убави случувања кои нам ни се случуваа во последно време.

Тоа е голем залак , но ние како бенд мислиме дека созреавме за да се случи такво нешто` - велат САРС.

S.A.R.S.-Dom-sportova.-fjpg

Бендот кој во последната година сериозно ја помести музичката сцена во регионот со неколку албуми

и хитови како "Buđav lebac", "Perspektiva", "Lutka", "To rade"... најавува дека на 7ми март ќе приреди вечер за паметење.

"Во наредниот период ќе го склопиме репертоарот и евентуалните гости на концертот. Ќе се потрудиме овој концерт да биде комплетно поразличен од се што досега сме направиле во Белград", најавува фронтменот Жарко Ковачевиќ.


Влезниците за концертот во Хала Спортова стартуваат од утре во претпродажба!

http://sarsbend.com/

https://www.facebook.com/sarsbend/timeline