А вака во Зеница!

А вака во Зеница!

Прв регионален Red Bull Soundclash во преполната Арена во Зеница! Единствено музичко искуство, нов концепт на настапите во живо, во кој се сретнуваат два бенда со различни стилови и профили. Принципот е следен - ДВЕ СЦЕНИ - ЕДНО ШОУ. Бендовите се наоѓаат на спротивни бини во иста хала и со публика помеѓу двете сцени додека наизменично свират обработки на хитови, свои и песни од другиот бенд во различни верзии и жанрови - реге, рок, џез, фанк, метал, ска.. борејќи се за вниманието на публиката. 

Посебна реакција на публиката побудија Дубиоза со изведбата на Зеница блуз со малку модифициран `еколошки` текст.

Работите се одвиваа понатака во рунди, така што Дубиоза започнуваа песна, С.А.Р.С. ја превземаа и изведоа во свој стил и обратно, два пати.

Во претпоследната рунда секој бенд отсвири по 3 песни во секакви различни варијанти од оригиналот и го осигура местото на RED BULL SOUNDCLASH настанот за најдобар и најуникатен концерт за оваа година со уште 1 час концертна програма!

Со сјајна продукциска поддршка Арената во Зеница се покажа како право место за овој настан, иако недостигаше простор за сите кои сакаа да бидат сведоци во живо на вакво несекојдневно музичко доживување! 

 

2

sars

errdf