ИЗВЕСТУВАЊЕ!

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Почитувани,

и покрај големата желба да донесеме големо име од метал сцената, за жал ќе мора да објавиме дека концертот на „Metal All Stars“ ќе биде одложен поради логистички проблеми од страна на менаџментот на проектот. Знаеме дека нашиот датум беше меѓу оние кои не се најдоа на официјалната интернет и „фејсбук“ страница на проектот, но и покрај уплатениот депозит и потпишан договор, менаџментот ветуваше дека сакаат да го одработат концертот во Скопје иако вметнат помеѓу невозможната транспорт мисија од Чиле до Скопје и назад до Бохум.

За жал пред малку го добивме и следниот мејл од менаџментот и сопственикот на брендот „Metal All Stars“ – Gabe Reed, кој ви го пренесуваме во оригиналната форма:

„Unfortunately we are going to have to reschedule your show as it just is not possible to get to Europe in time to make the show happen properly. I will refund your deposit and we will discuss the options of doing your show in 2015 when we return for some other shows in Eastern Europe - which would make more sense. I am sorry about this but there is no other solution. Gabe“

Во име на довербата што ни ја дадовте, ние се потрудивме да ви понудиме неколку решенија:

- Враќање на билетите, веќе од утре на продажните места во „Југотон“ и салата „Јане Сандански“. Сите што имаат онлајн билети, сретствата ќе им бидат рефундирани директно на сметка. Сите оние со купени билети од други градови во Македонија, ве замолуваме да се обратите на и-мејл адресата This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или на телефонскиот број 02/2401-980.

- Купените билети ќе останат да важат и за концертот на „Metal All Stars“ во Белград кадешто билетите се во продажба од 24 до 40 евра. Во договор со организаторот на концертот во Србија, билетите купени за концертот во Скопје ќе важат и за Белград, а разликата во цената на билетот ќе биде покриена од страна на „Пасворд Продакшн“. Концертот во Белград ќе се одржи на 5. декември, а ќе се обидеме во меѓувреме да организираме и транспорт за истиот со некоја специјализирана агенција.

- Замена на билетите купени за „Metal All Stars“ со влезница за „Таксират“ Фестивал на 7. декември и исплата на разликата во цената на билетите.

Ние се задолжуваме и морално пред вас, во 2015. година да донесеме и други метал артисти, бидејќи вие покажавте дека сте најверната и најдобрата публика во Македонија. Настанот имено беше распродаден за неколку дена, без ниту еден постер, спонзориран оглас на „фејсбук“ или флаер. Ви благодариме уште еднаш, се надеваме на вашето разбирање и се извинуваме од сè срце.