Ви благодариме бендови!

Ви благодариме бендови!

Големо благодарам на сите бендови кои се пријавија во изминатите месец дена и пратија материјали за потенцијален настап на Лузер Фест 2014. Кругот се затвори, бендови се одбраа, датумот се знае. Сабота, 29ти Ноември. МКЦ.

 

Што ветува Таксират:

• Победникот на „Лузер Фест“ ќе биде награден со снимање на албум во студиото „Марифет“ (мarryPHAT) на Ивица Јанкуловски – Штраф и објавување на албумот под капата на „Пасворд Продакшн“;
• Реномираните музички фестивали „ЕГЗИТ“ (Србија), „ПОХОДА“ (Словачка) и „ИНМЈУЗИК“ (Хрватска) самостојно ќе одберат еден од првите три рангирани бендови кои ќе сакаат да ги видат на една од сцените на нивниот фестивал;
• „ТАКСИРАТ“ фестивал еден од бендовите ќе го одбере да учествува како свој претставник за 2015 година во „ЦЕЕТЕП“ (CEETEP – Central Eastern European Talent Exchange Program) програмата која има за цел да поттикне настапи и популаризира артисти од централна и источна Европа преку фестивали, радио и ТВ емисии и други медиуми во цела Европа.

 

Победникот ќе се заколне на тотална оригиналност на материјалот и беспрекорна соработка како интерно така и екстерно! 

100 денари е влезница за настанот. Поддржете ги младите демо бендови на лице место, да ја освежиме сцената со нови сили!