The HIDDEN CAMERAS утре во Скопје!

The HIDDEN CAMERAS утре во Скопје!

Канадскиот инди-поп бенд „Д Хиден Камерас“ (The HIDDEN CAMERAS), предводен од извонредниот талент Џоел Гиб утре (среда, 1. октомври) ќе настапи во кино „Фросина“, МКЦ во Скопје. Култната група која ја означи пресвртницата на независната музичка сцена и субкултурата во Торонто, со концертот во Скопје ја започнува европската турнеја на која го претставува својот последен албум „Age“. Албумот е одлично прифатен од публиката и оценет од критиката како најдоброто досега од овој бенд. Секогаш енергичните и уникатни настапи се заштитен знак на „Хиден Камерас“ кои токму оваа година го објавија шестиот студиски албум и со него прв пат ќе се претстават пред македонската публика.

Локална поддршка е младиот бенд „Скајрајз“ (SKYRISE) од Тетово, кој на овој концерт ќе го претстават материјалот од својот деби албум „To unknown“. Имено, албумот утре ќе биде официјално објавен во дигитално издинаие, а „Скајрајз“ на сите посетители на концертот им подарува код за бесплатно преземање на истиот. „Скајрајз“ неодамна го објавија и новиот, трет сингл од овој албум, насловен „We never say goodbye“.

Утрешниот концерт на „Хиден Камерас“ е воедно и првиот промотивен настан за годинашното издание на ТАКСИРАТ фестивал, кој оваа година полни 16 години. Таксират роденденот ќе го слави повеќе пати, со неколку промотивни настани и финална забава на главната фестивалска вечер, која стандардно нè очекува во декември.

Почетокот на концертот е во 21:30 часот, а влезот за посетителите ќе биде отворен од 20:30 часот. Цената на влезниците, кои се достапни во строго ограничен број, е 200 денари во претпродажба и 250 денари на врата. Претпродажбата се спроведува преку мрежата на МКтикетс или во „Југотон“, „Ла Кања“, „Дамар“, „Круг“ во Аеродром, Кафе-бар „Браво“ и билетарата на МКЦ во Скопје.

ВИДЕО ПОЗДРАВ ОД ЏОЕЛ ГИБ