Со секој билет за концертот на The Hidden Cameras подарок деби албумот на Tетовчаните Skyrise

Со секој билет за концертот на The Hidden Cameras подарок деби албумот на Tетовчаните Skyrise

Tаксират активностите оваа година започнуваат со промотивниот концерт на канаѓаните The Hidden Cameras на 01. октомври во киното Фросина во Младинскиот културен центар. Концертот ќе го отвори младата четворка од Тетово - Skyrise.

Покрај тоа бендот, заедно со Таксират фестивалот го подарува деби албумот на бендот насловен To Unknown, за секој оној што ќе купи карта за концертот. Секој посетител на влезот во МКЦ ќе добие код за дигитално симнување на деби изданието на младиот алтернатив рок бенд од Тетово. Активен од август 2012 година на публиката првпат и се претставуваат во март, 2013 година со песните "Let Yourself Go" и "Playing God".

Деби албумот To Unknown содржи девет композиции снимени во Студио Супернова и MarryPhat од страна на Гоце Симоновски односно Ивица Јанкуловски. За миксот и мастерингот задолжен беше Гоце Симоновски.

Звукот на бендот може да се опише како моќен, меланхоличен и модерен алтернативен рок. Бендот позади себе има настап на Aqua Park Fest, Revolution Fest, Joy Fest, делејќи ја сцената со ѕвезди како Paul Van Dyk, Кирил Џајковски, Суперхикс и Bernays Propaganda.

Билетите за концертот на The Hidden Cameras и Skyrise се веќе пуштени во продажба преку мрежата на МК Тикетс по цена од 200 денари. Билетите се во ограничен број. Со секој билет посетелот добива код за бесплатно симнување на деби албумот To Unknown на Skyrise.