String Forces на Д Фестивал

String Forces на Д Фестивал

Д фестивалот, кој годинава го подготвува своето четврто издание ја надополнува музичката програма со изведувачите спремни да приредат нови незаборавни доживувања на уникатниот музички фестивал во Дојран.

Покрај веќе најавените Stereo MC's, на 26. јули во Дојран ќе настапи и македонскиот бенд Стринг Форсес - една од најспецифичните групи кои се имаат појавено во последните 20 години кај нас. Познати по нивниот иновативен и еклектичен музички стил, Стринг Форсес ветуваат дека на Д Фестивал нe очекува изненадувачко концертно искуство.

Како група се оформени во 1995 година во Скопје, со идеја да создаваат музика која нема да биде ограничена со постоечките стилски класификации, ниту според музиката, ниту пак според инструментите кои ги користат. До сега во својата работа имаат четири студиски албуми: Reductio ad Absurdum [2009], Свиленкаст пат [2006] ], Изохронија [2002], String Forces [1999]), 19 годишна активна присутност на македонската музичка сцена со повеќе големи хитови.

Денот Д за годинашното, четврто издание на уникатниот музички хепенинг Д Фестивал е 26. јули (сабота), на веќе традиционалната локација, паркинг Гранит во Дојран.