Нов сингл на FOOLISH GREEN

Нов сингл на FOOLISH GREEN

„Twelve“ е новиот сингл на групата Foolish Green. По издавањето на извонредниот деби албум „Escape“ од минатата година, бендот со овој сингл го најавува новиот материјал планиран да се појави во почетокот на 2015 година.

„Суштинска порака и музичка опомена до авторитетните органи на општеството, до власта и мизантропијата во пирамидалниот систем“ – тоа е „12“ со зборовите на Foolish Green.

„Да, ’Тие’ кои го обесија човекот на земјата, го оковаа во пранги на ропство, инфициран од сеопштото лудило. ’Тие’ кои го оставија да преживува, а не да живее! ’Тие’ кои му го одземаа правото да верува и ’правото да биде во право’. ’Тие’ кои горчеливо ја исцедија неговата старост. Вирусот во живото граѓанско ткиво кој доведува до се’ поголем хаос мора полека и свесно да го лекуваме. Ѕверот е веќе испуштен од контрола, саатот критично отчукува, а казната допрва доаѓа. Вратите се отворени, пречките се поголеми. Во ’нивниот’ слух нема мелодија, туку викотници и галама на неслушнатите. Вејте го знамето на љубовта, таа не’ одржува во живот. Затоа што веќе не сте безбедни, како дванаесетте мајмуни!
Тие живеат, но ние не спиеме повеќе!
This system needs to restart!“
- продолжуваат Foolish Green…

Песната е напишана, снимена и продуцирана од Ненад Стефаноски исто како и текстот. Тапаните се снимени од Гоце Трпков (Dj Гоце САФ / Bootlegz Basement Lab, а за микс и мастеринг беше задолжен Дарко Спасовски – Пацки.

Новиот сингл слушнете го овде