CONQUERING LION со концерт во Скопје пред старт на европската турнеја

CONQUERING LION со концерт во Скопје пред старт на европската турнеја

По промоцијата на албумот „Revelation“ и прославата по повод 7 години постоење на бендот која се одржа изминатиот викенд во Тетово, групата CONQUERING LION во среда, 9 април ќе одржи настап во клубот „Black Cotton“ во Скопје. Почетокот на концертот е закажан во 22:00 часот (https://www.facebook.com/events/608989512520817/).

Овој клупски настап во Скопје е увертира за претстојната европска турнеја на Conquering Lion која ќе се случи од 17 април до 1 мај и ќе ги опфати Словачка, Чешка, Полска, Германија, Холандија и Словенија. Концертот ќе прошара по целата дискографија на бендот со осврт на последниот албум "Revelation" кој се појави минатата година преку Password Production и Exit Label.

Влезниците за концертот на Conquering Lion се во строго ограничен број и достапни во клубот „Black Cotton“ во Скопје со цена во претпродажба од 150 денари и 200 денари на денот на концертот.