ТАКСИРАТ 15 - Live Report

ТАКСИРАТ 15 - Live Report

Секоја година во редовите на својата верна публика, Таксират Фестивал редовно ги привлекува и посетителите од соседните земји. Какви впечатоци од Таксират 15 понесоа „таксиратџиите“ од Бугарија ви пренесуваме постфестум преку освртот кон фестивалот на Rawk'n'Roll , достапен на овој линк .

Последното издание, благодарение на сите посетители и артисти кои продефилираа во името на Таксират 15, остави огромен број позитивни впечатоци и кај нас, кои никако да стивнат и постојано налеваат нестрпливост до следната средба!

„Оттука натаму секој го фаќа својот пат – некои кон хостелите или импровизираните легла, други кон незнајните пабови, а трети – кој знае каде. Утрото сѐ се повторува, но нашиот мал одред реши да преземе туристичка и крчмарска обиколка на Скопје, каде што, како што вели еден пријател ‘античките згради сѐ уште се во изградба’. Целиот опишан музичко – културно – туристички микс кај мене остава впечаток дека Таксират прераснал не само во вистинска скопска гордост, туку и во балканска фестивалска институција, која редно е да ја уживам и догодина.“ - Rawk'n'Roll