„Revelation“ - нов албум на Conquering Lion!

„Revelation“ - нов албум на Conquering Lion!

Conquering Lion откако се вратија на голема врата со одличниот сингл „Trickster's End“, утре (22 ноември 2013) го објавуваат својот нов студиски албум „Revelation“! Ова е трет албум на групата кој ја надополнува нивната дискографија со уште едно извонредно издание, две години по објавувањето на последниот „Know Your Wisdom“ (2011).

Новиот албум „Revelation“ утре ќе биде објавен во дигитално издание под етикетата на Password Production, а сите фанови на Conquering Lion ќе можат бесплатно да го преземат од интернет страницата www.password.mk .

’Revelation’, нашиот трет албум е малку поинаков во споредба со двата албуми претходно објавени.

Концептот и енергијата на овој албум се движат од рутс-реге звукот кој преминува во даб и продолжува кон подинамични моменти. Приказната на овој албум е бунт директно насочен кон регулативите на системот, ограничувањата и алчната страна на човечката природа.

‘Revelation’ содржи девет нови песни кои создаваат една подлабока приказна која ги потенцира препреките кои го држат човештвото подалеку од духовното и ментално издигнување. Овој албум вклучува две соработки, едната со артистот од Јамајка, Доналд Минот (Donald Minott) и другата со српскиот артист Дарка Рајиќ.

Музички еволуирано, ова свежо издание ќе донесе добри вибрации за вашиот слух и дух.

Брака и сестри, подгответе се, бидејќи ‘Revelation’ (откровение) е на вашиот праг.“ – велат момците од Conquering Lion.

Дел од нона што го носи ова издание на бендот беше претходно наговестено со повеќе од успешниот прв сингл "Wicked Man" (20. Мај 2013) и неодамна објавениот втор сингл „Trickster's End“ (5. Ноември 2013).

Албумот е снимен во студиото „MarryPhat“ од страна на Ивица Јанкуловски. Негов е миксот на целиот албум заедно со бендот, додека за мастерингот беше задолжен Фредерик Луно (Frédéric Luneau – „Web Cam Hi-Fi“) од Франција.

„Revelation“: 

01. Wicked Man
02. Confidence
03. War Pon Dem
04. Fear
05. No Jealousy (feat. Darka Rajic)
06. Trickster’s End
07. Plant more… (feat. Donald Minott)
08. Earth of Love
09. Triumph