Foolish Green настапуваат во Холандија

Foolish Green настапуваат во Холандија

По настапите на речиси сите поголеми музички фестивали низ Македонија FOOLISH GREEN овој викенд заминуваат за Холандија каде што ќе одржат два концерта пред холандската публика. Во петок (15 ноември 2013) групата настапува во клубот „No Sikiriki“ во Тилбург. Веќе следниот ден, во сабота (16 ноември 2013) Foolish Green продолжува во Хаг на концерт во рамки на „Streets Festival“!

Ова е прво концертно претставување на Foolish Green во некоја од западноевропските земји, кое дојде во агендата на бендот, по објавувањето на нивниот одличен деби албум „Escape“.

Албумот кој беше објавен во март годинава имаше две концертни промоции во арт-киното „Фросина“ во Скопје кои беа целосно распродадени. Нивното прво лонг-плеј остварување со самото појавување ги собира одличните оценки на рецензиите и од музичките медиуми во регионот, кои за Foolish Green пишуваа: „Она што се Палма Вајлетс на почетокот од годината на странската сцена, тоа со сигурност би можеле да бидат „Фулиш Грин“ на регионалната сцена (...). Да доаѓаат од Британија, сигурно би биле ‘најдобриот бенд на светот“ (muzika.hr).

„Esacpe“ на момците од Foolish Green им донесе и бројна публика, зависна од песните на ова ретко психоделик поп / рок'н'рол издание кое потоа беше и електронски објавено за "EXIT label", што воедно претставува и првото македонско издание за онлајн етикетата на славниот Exit фестивал. Албумот сега е достапен за бесплатно преземање во електронско издание на овој линк, hard copy изданието можете да го купите во „Југотон“ (ГТЦ, прв кат, Скопје).