Промоција: нов сингл на Conquering Lion

Промоција: нов сингл на Conquering Lion

Conquering Lion се враќаат на голема врата со нивниот втор сингл "Trickster's End" од новиот албум "Revelation".

По повеќе од успешниот прв сингл "Wicked Man" кој групата го објави во мај, во среда (5. Ноември 2013) на брановите на Антена 5 Радио (www.antenna5.com.mk) со почеток во 11.30ч екслузивно ќе можете да ја проследите и радио премиерата на извонредната "Trickster's End".

"Toa е една од подинамичните песни на албумот во која се одлучивме да твориме во насока на модерно реге (new roots) комбинирано со некои елементи што често може да се сретнат во рага (ragga) правецот. Идејата да се спојат овие правци даде свежина кај сите нас, за да на крајот брзо и ефективно склопиме позитивен разигран аранжман“ – велат Conquering Lion.

Синглот е снимен во студиото „MarryPhat“ од страна на Ивица Јанкуловски. Негов е миксот на целиот албум заедно со бендот, додека за мастерингот беше задолжен Frédéric Luneau („Web Cam Hi-Fi“) од Франција.

“Trickster's End" е најава на "Revelation", нивниот трет студиски албум кој ќе се појави оваа есен преку Password Production.