DJAIKOVSKI feat. MC Wasp - SPIN OFF

DJAIKOVSKI feat. MC Wasp - SPIN OFF

1. Spin Off (VIP Mix) 4:50
2. Spin Off (Lynx Remix) 5:46
3. Spin Off (Treo Remix) 5:57
4. Spin Off (Etheric Loopz Remix) 4:15
5. Spin Off (Lynx Remix Instrumental) 5:20

Само неколку месеци по успешниот сингл Hell Of A Road, Џајковски објавува уште едно клупско ремек дело. И овој пат станува збор за песна која поминува одлично на неговите концертни настапи, но за разлика од брејкбит ориентираниот претходник, повеќе припаѓа во современиот драменбејс израз. На Spin Off, за вокалите е задолжен одличниот рапер и еден од врвните австралиски драмендбејс артисти, MC Wasp.

Изданието го отвора специјалниот VIP микс, со увод што постепено ја гради тензијата, а сепак ја задржува цврстината и клупскиот потенцијал на оригиналот. Lynx, еден од најбараните продуценти на електронска музика на денешнината и претставник на светската драменбејс елита, создал ремикс кој носталгично не’ враќа во златното време на драменбејсот, со хипнотизирачки грув и атмосфера која потсетува на најдобрите изданија на Roni Size.

Ѕвездата во подем Treo, ја спакувал Spin Off на типичен Virus начин со продукција со која би се гордееле и Ed Rush & Optical, притоа докажувајќи дека tech-step звукот може да звучи свежо и модерно и во 2013 година. На крајот, редовниот соработник на Филтер, Etheric Loopz, уште еднаш се потврдува како еден од нашите омилени продуценти, со ремикс во кој успеал да вметне здрава доза на funk и модерна bass музика.

Изданието веќе ја има поддршката од голем број клупски и радио диџеи низ светот, меѓу кои и Nu:Tone, The Qemists, Major Look, Ed Rush, Vegas, Crystal Clear, Metrik, DJ Hazard, REDS и Bitr8, а својата радио премиера ја имаше оваа сабота во популарната емисија „It Is What It Is“ на легендарниот Laurent Garnier.

Spin Off на Djaikovski feat. MC Wasp излезе на 3 јуни и ќе се дистрибуира преку сите водечки онлајн музички продавници и стриминг сервиси.

Корисни линкови:

Djaikovski на Soundcloud – http://www.soundcloud.com/djaikovski

Филтер на Soundcloud – http://www.soundcloud.com/filter