Wicked Man - нов сингл на Conquering Lion

Wicked Man - нов сингл на Conquering Lion

Најпродуктивниот и респектиран македонски реге состав Conquering Lion го лансира својот нов сингл насловен “Wicked Man”. Песната од денес (20. мај) е достапна за слободно преслушување и симнување преку овој линк.

Wicked Man” е носечкиот сингл кој го најавува новиот албум на Conquering Lion, насловен “Revelation”, кој ќе биде објавен преку Password Production оваа есен.

Синглот кој се снимаше во "marryPhat Studio" е продуциран од страна на Ивица Јанкуловски, додека за мастеринг се погрижи Frédéric Luneau (Web Cam Hi-Fi) од Франција, кој веќе 15 години се занимава со продукција на реге музика.

Темата на песната се движи во едукативен правец против пирамидата на владеење и угнетувачите кои ја движат истата.

Conquering Lion зад себе имаат два албуми „Conquering Lion – I” од 2009та и „Know Your Wisdom” од 2011та година. Нивните концертни активности се на повеќе од завидно ниво со неколку европски турнеи зад себе, но и со настапи на значајните фестивали како Spirit of Burgas, PIN Conference - Скопје, Dokufest - Призрен, NGOM Fest - Призрен, Trenchtown – Суботица. Годинава се дел од реномираниот INmusic фестивал во Загреб каде што ќе настапат заедно со Arctic Monkeys, Iggy And The Stooges, Basement Jaxx, Bloc Party и NOFX меѓу останатите. Овој викенд (24/25.05.2013) тие ќе бидат дел и од летното издание на Таксират фестивалот, односно од Аква Парк Фестивалот во Пробиштип, на кој публиката ќе има прилика да биде меѓу првите кои ќе ги чуе и новите песни на бендот од албумот во подготовка.