Раскокај се!

Раскокај се!

Банда инструментале СУПЕРХИКС најавува уште една забава со своите верни фанови! Дел од следните активности на бендот е подготовката на нов видео запис кој ќе биде изработен за пената „СКОК“ од последниот албум „Африка“, а за таа цел Хикси ги повикуваат сите свои фанови да земат активно учество во овој спот, преку конкурсот „Раскокај се“.

Сите фанови кои сакаат да бидат дел од овој спот, на бендот треба да му испратат YouTube линк на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. каде што ќе покажат како денсаат со својата екипа на песната “Скок”.

Клипот треба да биде во траење од максимум 1 минута, a истиот можете да го испратите најдоцна до 20 Мај 2013. Двајцата најлуди денсери од овој конкурс ќе добијат карти за фестивалот АКВА ПАРК ФЕСТ, кој ќе се одржи на 24ти и 25ти мај во Пробиштип, а на кој покрај останатите музички ѕвезди настапуваат и Суперхикс. Останатите учесници на конкурсот ќе бидат дел од новиот спот за песната „Скок“, за чија реализација ќе биде задолжен тимот на Creativе Lab од Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Забавата може да почне! Koj не прати клип нека стане и…нека си оди!