Easter Festival со СУПЕРХИКС

Easter Festival со СУПЕРХИКС

Шестчлениот фуриозен состав СУПЕРХИКС, во петок (3ти мај) празнично заминува за Велес, каде што ќе ја предводи најголемата велигденска журка во Македонија, EASTER FESTIVAL. Ова ќе биде прв настап на Суперхикс пред велешани по цели 16 години, па се очекува енергичен и еуфоричен настап на бендот, кој и онака е познат по најдобрите концертни забави кај нас. Easter Festival годинава се одржува по втор пат, во спортскиот центар „Гемиџии“, а покрај Суперхикс, годинава фестивалот ќе ги претстави и настапите на Фолтин, The Hounds , Blue Sky, а предвидена е и афтер-забава со диџеите на Antenna 5 Radio.

По гостувањето во Велес, нашата најактивна банда инструментале, овој месец ја очекува и настапот на првото издание на Aqua Park Fest, кој ќе се одржи на 24-25 мај во Пробиштип, а потоа Хикси летото го продолжуваат со до сега потврдените концерти во Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Романија.