Гуру поздрав од Kultur Shock

Гуру поздрав од Kultur Shock

На 28. април во скопскиот клуб „Хавана“ го пречекуваме мултикултурниот музички феномен KULTUR SHOCK. Еден од најдобрите бендови во живо познат по фуриозните настапи, доаѓа во Скопје, по повеќе од две години,во рамките на турнејата насловена „Grandpa Guru knows it all!“. Нашите стари пријатели од Сиетл се на нова турнејска авантура, овој пат вооружени со песните од новото ЕП „Tales of Grandpa Guru, Vol.1“.

По тој повод, од Срѓан Џино Јевѓевиќ - „гуруто“ на ова етно панк-рок чудо стигнува посебна порака само за македонската публика, која ви ја пренесува преку ова видео, а за само неколку дена ве очекува и средбата во живо за незаборавно искуство со лудата комбинација на панк, балканско етно и „валкан“ рокенрол.

Концертот на Култур Шок ќе се одржи во клуб „Хавана“, на 28 април со почеток во 21:30 часот.

Влезниците за овој концерт се достапни во продажната мрежа на МКтикетс (Југотон, Кафе Круг - Аеродром, Кафе Браво, Цвеќара Роце – Веро 2). Цената во претпродажба е 250 денари, а на денот на концертот тие ќе чинат 300 денари.