Култур Шок со Grandpa Guru во Скопје

Култур Шок со Grandpa Guru во Скопје

По незаборавниот концерт одржан пред две години, нашите стари пријатели од Сиетл повторно доаѓаат во Скопје. КУЛТУР ШОК доаѓаат да го промовираат новото и одлично ЕП издание насловено „Tales of Grandpa Guru, Vol 1“. Бендот е повторно на турнеја, но овој пат вооружен со песните од новото ЕП.

Чувствувајќи се ограничено од пристапот кон „концептуален албум“, бендот го напушти лонг плеј форматот во корист на 5те песни спакувани во ЕП кое го објавија во јули 2012, за нивната сопствена етикета Култур Шок Рекордс. Како еден од најдобрите бендови во живо кои настапувале на три континенти во изминативе 12 години, Култур Шок одлучија дека општествените и политички коментари, спакувани во ништо помалку од брз и фуриозен етно-панк-метал е нивниот повик во ова време. Како вообичаено, бендот ги изложува овие три главни компоненти кои го одбележуваат нивниот звук и тоа беспрекорно интегрирани – не можете да одредите каде завршува влијанието на балканскиот фолк, каде детонирачката метал ритам секција еруптира, како панк-рок непочитувањето го обвива сето друго – а сѐ на крајот некако се претопува во заштитниот звук на бендот. Иако често ги споредуваат со нивните колеги од поранешните турнеи „Гогол Бордело“ и поддржувачите „Систем оф а Даун“, Култур Шок низ годините создадоа комплетно нов жанр, со непогршлив тон и став.

По двете успешни фестивалски патувања во јули и август 2012, беднот се одлучи за уште една турнејска авантура. Турнејата насловена „Grandpa Guru knows it all!“ започна во Сиетл, па продолжувајќи преку Турција, југо-источна и централна Европа и настапот во Македонија, бендот потоа повторно се враќа во западна Европа на крајот од годинава.

Култур Шок се оформени како бенд во Сиетл во 1996 година, од страна на Срѓан Јевѓевиќ, некогашната сараевска ѕвезда од познатите Џино Банана. Експериментирајќи со рок, панк, метал, мелодии и ритмови инспирирани од Балканот, бендот еволуира во моќен секстет кој не припаѓа во ниту еден жанровски калап и има неспоредливо иновативен звук . Тие се единствена музичка и сценска појава со одлични и неспредвидливи концертни настапи кои ja разбиваат стерилнoста во музичкиот свет. Како и да го одредуваат нивниот звук, Култур Шок во секој случај се уникатна музичка и сценска појава со феноменални концерти. Покрај тоа, ова е бенд кој експлицитно го покажува својот општествено-политички став.

По промоцијата во Сиетл, бендот со над 600 концерти досега, продолжува на новата турнеја во која е вклучен и концертот во Скопје, во организација на Password Production. Нивниот настап ќе се одржи во клуб „Хавана“, на 28 април со почеток во 21:30 часот. За разлика од повеќето музички артисти, Култур Шок се како добро вино – со годините добиваат мудрост, мудроста дозволува избор, а изборот може да ве одведе на лудо патување.

Влезниците за овој концерт се достапни во продажната мрежа на МКтикетс (Југотон, Кафе Круг - Аеродром, Кафе Браво, Цвеќара Роце – Веро 2). Цената во претпродажба е 250 денари, а на денот на концертот тие ќе чинат 300 денари.