Нов сингл на Дубиоза Колектив

Нов сингл на Дубиоза Колектив

Дубиоза Колектив го претставува новиот сингл „КАЖУ“, кој е најава за шестиот студиски албум на бендот, насловен „АПСУРДИСТАН“.

Песната ‘Кажу’ е инспирирана од општоприфатените ‘вистини’ со кои сме секојдневно бомбардирани преку медиумите, рекламите, соседите, блиските и далечните роднини. Тие ‘вистини’ се најчесто засновани на непроверени информации и гласини и имаат малку или воопшто основаност на реални факти. Со помош на магичниот збор ‘велат’ се надоместува недостатокот на аргументи затоа што она што мнозинството (нацијата, соседите, светот) го мисли е веројатно вистина и од поединецот се очекува да го стори токму она што мнозинството го вели. Велат првиот сингл од албумот е најдобар показател каков ќе биде остатокот од албумот, но и дека првите мачиња се фрлаат во вода така што уште не знаеме од која воденица ќе налее водата во овој случај.“ – велат членовите на бендот.

За овој сингл подготвен е и анимираниот спот, чија ТВ премиера е закажана за 1. април на регионалниот „МТВ“ канал. На реализацијата на видео спотот работеа аниматорот Тони Хумл и цртачот Филип Андроник. Повеќе информации за новиот албум бендот ќе објави на 1. април.

Новиот албум на Дубиоза Колектив, насловен „АПСУРДИСТАН“ ќе биде објавен на 15ти април. Елекронското издание на албумот ќе биде достапно за бесплатно преземање на веб страницатаwww.dubioza.org , а истиот ќе има и свое физичкото издание, кое за Македонија ќе биде објавено под етикетата на Пасворд Продакшн и Антена 5 Радио.

Дубиоза Колектив во меѓувреме ја продолжувава богатата концертна сезона, во чии рамки веќе се закажани повеќе од 30 концерти ширум светот, меѓу кои и настапите на неколку поголеми музички фестивали (Сигет во Унгарија, Шенгенфест во Словенија, Похода во Словачка и тн.).