Одиме на рандеву!

Одиме на рандеву!

„За прв пат Скопје е топло, Зад Аголот стана екипа“ - 13 момци кои работат како еден артист. Искрено и од љубов, затоа што само така знаат. На задоволство на својата публика екипата го најави и нивниот самостоен концерт па, "Ќе дојдеш ли на рандеву"?

Денес, (26. март, вторник) стартува претпродажбата на влезниците за овој концерт, кои ќе бидат достапни во продажната мрежа на МКтикетс (Југотон, Кафе Браво, Кафе Круг - Аеродром, Суперфлај и билетарата на МКЦ). Цената во претпродажба ќе биде 150 денари, додека на денот на концертот билетите ќе чинат 200 денари.

Концертот на Зад Аголот ќе се одржи на 12. Април во МКЦ (Денсинг сала), со почеток во 21:30 часот. А "погоди кој е во просторијава? Темната страна кога Скопје удира!".. Да!! Како поддршка на Зад Аголот ќе настапи легендарниот Владимир Аговски - Аго, еден од основоположниците на рапот и хип-хоп културата во Македонија! Момците од Зад Аголот најавија уште еден гостин за концертот на 12ти април, Игимен, младиот македонски блузер Игор Станоевски кој меѓу другото има свирено и со славниот Грег Рајт познат како поранешен гитарист на Мајкл Џексон.