Аго и Игимен, гости на Зад Аголот!

Аго и Игимен, гости на Зад Аголот!

На задоволство на својата публика Зад Аголот го најавија нивниот самостоен концерт па "Ќе дојдеш ли на рандеву"? Екипата ги открива деталите за овој концерт кој е закажан за 12ти април 2013 во МКЦ (денсинг сала).

"Погоди кој е во просторијава? Темната страна кога Скопје удира!".. Да!! Како поддршка на Зад Аголот ќе настапи легендарниот Владимир Аговски - Аго, еден од основоположниците на рапот и хип-хоп културата во Македонија! Познат преку култните The Most Wanted и Темната Страна, како дел од концертот ќе го имаме човекот кој преку 20 години работи на развивање на хип хоп културата во Македонија. Го препознаваме во песните "Сонувам", "Преку мене мртов", "3D прашање", "Темниот ден".. Момците од Зад Аголот најавија уште еден гостин за концертот на 12ти, Игимен, младиот македонски блузер Игор Станоевски кој меѓу другото има свирено и со славниот Грег Рајт познат како поранешен гитарист на Мајкл Џексон. Игимен се најде меѓу топ-10 артисти на „Плеј крос роудс“, еден од најголемите натпревари за рок и блуз-гитаристи, поради што тој има шанса да свири со Ерик Kлептон во „Медисон сквер гарден“.

Почетокот на концертот е закажан за 21:30 часот, а влезниците ќе бидат достапни во продажната мрежа на МКтикетс од 26. март (вторник). Нивната цена во претпродажба ќе биде 150 денари, додека на денот на концертот ќе чинат 200 денари.