SOLD OUT! Foolish Green закажаа втор концерт

SOLD OUT! Foolish Green закажаа втор концерт

На наше огромно задоволство, вечерашниот концерт на FOOLISH GREEN (15.02.2013), на кој групата го претставува својот деби албум „Escape“ е целосно распродаден, а поради големиот интерес и на задоволство на сите оние кои не успеаја да дојдат до својот билет за овој концерт, Foolish Green ќе одржат и втор концерт утре, сабота (16.03.2013).

Билетите за овој концерт се веќе достапни по цена од 200 денари, но ве известуваме дека и за нив ќе треба да бидете брзи! Претпродажбата за вториот концерт на Foolish Green се спроведува во продажната мрежа на МКтикетс: Југотон (ГТЦ, прв кат), Кафе Браво, Сперфлај (Superfly), Круг (Аеродром) и билетарата на МКЦ.

Двата концерти кои ќе се одржат во арт-киното „Фросина“ (МКЦ, Скопје) со почеток во 21:30 часот, се концертна промоција на првото студиско издание на бендот (ESCAPE) кое беше објавено изминатиот месец. Како гостин на вечерашниот концерт ќе настапат June, диџеј Гоце (Саф) и LD Pistolero. Во сабота пак, како предгрупа на Foolish Green ќе настапи Jana Narayana, која ќе се претстави со свој акустичен сет. За време на концертите, посетителите ќе можат и да го купат албумот „Escape“, по промотивна цена од 250 денари.

Се гледаме на Foolish Green! „Постојат безброј прибежишта, но само едно бегство (...)“