Суперхикс предгрупа на Green Day

Суперхикс предгрупа на Green Day

После Скопје и „Таксират позитивниот концерт“, хикси фештата продолжува кон нов концертен спектакл, кој овој пат ќе го преврти Белград. Култниот ска-панк бенд Суперхикс ќе биде дел од фестивалот „Белград колинг“ со концерт пред легендарниот калифорнискиот состав „Грин деј“ (Green Day), кој неодамна престижниот музички магазин „Ролнг стоун“ (Rolling Stone) го прогласи и за најдобар панк-рок бенд во светот на сите времиња.

Шестчлениот фуриозен состав Суперхикс, оди за Белград промовирајќи го и материјалот од новото студиско оставрување „Африка“ (достапен за бесплатно преземање преку www.mtvardria.com) за кое критичарите пишуваат само пофални зборови. Познати по енергичните и еуфорични настапи, за што пред два месеци посведочија повеќе од 5.000 фанови во преполната „Метрополис Арена“ на нивниот славенички концерт на „Таксират 14“, Суперхикс ќе бидат единствените македонски претставници на хепенингот наречен „Грин деј“.

Покрај Суперхикс, на отворањето на концертот на „Грин деј“ ќе настапат и нивните музички пријатели, еден од најпопуларните бендови во регионот Хладно Пиво и новосадските панк-рокери „Атеист рап“ (Atheist Rap). Тимот од култни ска и панк-рок регионални бендови настапува на 27ми мај 2013 година на големиот калемегдански парк, под Белградската тврдина, пред единствениот и премиерениот настап на групата „Грин деј“ во овој дел на светот кои на актуелната стадионска турнеја го промовираат трострукиот албум „¡Uno!, ¡Dos!, ¡Tré!“.