„Пеперминт“ промовираат нов видео спот!

„Пеперминт“ промовираат нов видео спот!

После успехот со синглот „Ако", панк-рок составот „Пеперминт" повторно станува актуелен објавувајќи го својот нов видео-спот за песната „Твоето Куче".

„Твоето Куче" е воедно најава за нивниот нов албум, насловен „Ама ако", кој наскоро ќе биде официјално објавен. Новото студиско издание е целосно подготвено, а неговото објавувањето ќе биде одбележано и со промотивен концерт, за кој „Пеперминт" интензивно се подготвуваат.

На ова остварување на групата, која медиумите ја оценија како „рокери што ја освежија сцената", и' претходеше активна година со повеќе успеси. Видео спотот за нивниот втор сингл на англиски „Riding My Harley In The Rain" изминатата година беше промовиран на „Ем-ти-ви Адрија", регионалниот музички канал во чии рамки „Пеперминт" учествуваше и во трката за најдобар бенд на балканот. Покрај тоа, 2012 помина и во знакот на нивниот хит сингл „Ако" кој ги освои највисоките места на македонските музички топ листи.

Додека ги очекуваме деталите за новиот албум и концертната промоција, бендот се погрижи своите фанови да уживаат во новиот видео запис, кој веќе е поставен на музичкиот интернет канал „Jутјуб".