Реге-иконата ТАЊА СТИВЕНС на Таксират 14

Реге-иконата ТАЊА СТИВЕНС на Таксират 14

Таксират фестивал со задоволство ви ја претставува Тања Стивенс (Tanya Stephens), третото потврдено име за своето четиринаесетто финале. Пејачката и авторка Тања Стивенс,  еден од највлијателните реге артисти кои се појавија во доцните 90ти години, доаѓа на Таксират за прва средба со своите македонски фанови и ветува незаборавна концертна вечер.  Таа е музичар кој подеднакво добро се снаоѓа во денс ритмовите како и во гитарските балади со интуитивни, значајни, комични и често саркастични стихови, која светската публика од сите генерации ја препознава пред сѐ по легендарниот мега-хит „It’s a pity“, најголемиот од стотината хит синглови на Тања Стивенс.

претставнички на оваа дејност, Стивенс презентира елементи на напредна креативност која особено е ретка во нејзината ера. Таа е во ист момент и пред времето со идеолошки пристап и остаток од изминатата ера во која царуваше соул музиката на артисти како Марвин Геј и Боб Марли. И покрај помалото внимание кое го добиваат во споредба со своите машки колеги, жените на јамајканското реге се доволно талентирани, креативни и храбри да се соочат со контроверзните теми со потребната осетливост. Во таа смисла, кариерата на Тања е еден од најдобрите примери.

Започна со модерни хитови како денсхол артист. Подоцна продолжи со моќни реге песни кои прераснаа во класици на овој жанр. Откако ја освои светската публика, прејде во пософистицирани музички води и се наметна како страствен текстописец. Стивенс е позната по многу хитови, тргнувајќи од денсхол хитот „ Yuh Nuh Ready Fi Dis Yet“ од 1996та година, преку рутс химната „ It’s a Pity“ (2003) и РнБ/Хип Хоп зачинетата реге класика „These Streets“ објавена во 2006та, кои и обезбедија на Тања интернационална слава и име препознатливо денес како уникатен артист.

На нејзините два брилијантни албуми „Gangsta blues“ и „Rebelution“ таа разоткрива важни теми како расна, класна и полова дискриминација и оспоруваната положба на жените во Јамајка и светот кои се подложни на насилство и неправда. Нејзиниот последен албум „Infalliable“ е објавен во 2010та година.Со седум моќни студиски албуми зад себе, Стивенс го подготвува објавувањето на осмиот албум „Guilty“ во декември 2012. Ако новите синглови „Weather Change“ и „Want Love“ (соработка со реге кралицата Марша Грифитс) објавени за Penthouse Records, „Feeling It“ за Hype Muzic, „Take Good Care“ и „Free Spirit“ за No Doubt Records издавачката етикета на Flava McGregor, се некоја индикација за она што нѐ очекува, тогаш фановите на Тања Стивенс ширум светот се пред вистинско ново задоволство! Дел од нејзиниот најнов музички материјал ќе имаме ексклузивна чест да го чуеме во живо и на финалната вечер на ТАКСИРАТ 14, за која Тања Стивенс ветува одлична журка!

Тања Стивенс ќе настапи на ТАКСИРАТ во рамките на проектот „Мултикултурализмот во Музиката“ (Multiculturalism in Music) – пилот проектот реализиран во соработка на трите најголеми регионални фестивали Таксират Фестивал (Скопје), Exit фестивал (Нови Сад) иINmusic фестивал (Загреб). Овој проект настојува преку музиката како медиум да укаже на важноста на културните разлики и нивната незаменлива улога во формирањето на современото општество и култура. Проектот „Мултикултурализмот во Музиката“ е дел од европската програма „Култура 2007-2013“.

Главната фестивалска вечер на Таксират 14 ќе се одржи на 8ми декември 2012 во „Метрополис Арена“ во Скопје. Својот настап на Таксират 14 веќе го потврдија, ворлдмјузик-панк бунтовницие ЧЕ СУДАКА и реге-метал атракцијата СКИНДРЕД кои беа прогласени за „The best live bend“ за 2011та од реномираното списание Metal Hammer. Наскоро очекувајте ги и останатите артисти кои ќе бидат задолжени за уште едно незаборавно Таксират издание.

Билетите за Таксират 14 ќе бидат достапни во претпродажба од петок, 26ти октомври 2012. Првите 1000 влезници ќе чинат 450 денари, а по нивното распродавање, цената на билетите ќе биде 600 денари.

Таксират влезниците можете да ги најдете во продажните салони на ONE и продажната мрежа на МКтикетс низ Македонија:
Скопје: Југотон Рекордс, Кафе Круг (Ареодром), Superfly, Камарад (Рамстор), Розе (Веро 2), Супер Тобако (Лептокарија);
Куманово: Агора;
Битола: Хард Рок;
Кочани: Комисион Шишко;
Штип: Дом на млади;
Охрид: ZZ TOP;
Гевгелија: Кафе Корзо;
Прилеп: City Tobacco;
Струга: Мезе Бар Кингстон;
Тетово: Амнезија.