NOUVELLE VAGUE – Таксират промо концерт

NOUVELLE VAGUE – Таксират промо концерт

ТАКСИРАТ 14 со задоволство ви го најавува Таксират промо концертот на арт-групата NOUVELLE VAGUE во Скопје, како дел од годинашната off-програма на фестивалот.

Боса нова бендот кој се прослави со обработките на панк и рок класици, на 27ми ноември 2012, ќе одржи ексклNouvelle Vague е проект креиран од француските музичари Марк Колин и Оливие Либо и неколку женски вокалистки. Албумите на бендот се состојат од обработки на „њу вејв“ песни во боса нова стил, кои вклучуваат песни од Dead Kennedys, The Smiths, Joy Division, Public Image Ltd., Depeche Mode и Bauhaus. Карактеристичен е пристапот на бендот, секој од вокалистите да изведува песни кои претходно не му биле блиски, за да се осигураат дека секоја од обработките ќе добие своја индивидуална интерпретација. Со име кое значи „нов бран“ на англиски и „нова мода“ на португалски (што е всушност и значењето на „bossa nova“, нова музичка „мода“), името Nouvelle Vague прецизно го сумира концептот на групата: преработување на класичните „њу вејв“ синглови со бразилски поп пристап.

Самоименуваниот албум „Nouvelle Vague“ беше објавен во Европа во 2004та година, а наредната година беше дистибуиран во С.А.Д., што се поклопи со светската турнеја на бендот. Вториот албум, „Bande à Part“, пристигна летото 2006та година. Следната година, тимот се врати со „Coming Home“, компилација на филмски музички нумери во „Nouvelle Vague“ аранжман. „Nouvelle Vague Presents New Wave“, компилацијата на „кавер“ песни од њу вејв артисти, истотака пристигна во 2007ма. Во 2009та бендот го објави својот трет студиски албум, едноставно именуван „3“. На ова издание, како гости се појавуваат и авторите на песните кои Nouvelle Vague ги обработува, како Martin Gore (Depeche Mode), Ian McCulloch (Echo & the Bunnymen), Barry Adamson и други. Веќе следната година тие го објавуваат и нивниот четврти студиски албум „Couleurs sur Paris“, на кој, во чест на француската „њу вејв“ музика, групата за секоја од песните на албумот, соработува со познати артисти од современата француска сцена, како Vanessa Paradis , Julien Doré , Emily Loizeau, Coeur de Pirate, Hugh Coltman, Olivia Ruiz, Cocoon, Helena Noguerra и други.узивен арт-концерт во клуб „Колосеум“ во Скопје.

Последната средба на македонската публика со Nouvelle Vague беше во 2010та година, кога настапија пред неколку илјади обожаватели и приредија вистински арт перформанс за магична концертна вечер.Годинава, увертира за Таксират 14 ќе биде токму неодоливиот шарм на Nouvelle Vague, кој ветува сензуална француска арт-вечер. Во клуб „Колосеум“, на 27ми ноември, француската музичка атракција предводена од Марк Колин во поддршка на сензуалните вокали на двете атрактивни пејачки Мелани Пен и Лисет Але, на скопската публика ќе и го претстават своето ново шоу, во чии рамки ќе го промовира новиот сценско-визуелен настап, омилениот хит-репертоар на нивните фанови и дел од новите песни на бендот.

Концертот на Nouvelle Vague ќе биде лимитирани на само 1500 влезници, кои ќе бидат достапни во претпродажба од среда (25ти октомври 2012) во продажната мрежа на МКтикетс. Цената на билетите во претпродажба е 300 денари, сѐ до денот на концертот кога нивната цена ќе биде 400 денари. Во претпродажба ќе бидат достапни и ВИП влезници со цена од 500 денари.