ТАКСИРАТ номиниран за European Festival Awards

ТАКСИРАТ номиниран за European Festival Awards

ТАКСИРАТ фестивал повторно се најде во изборот за најдобар европски фестивал со номиниција во две категории за European Festival Awards: „Best indoor festival“ и „Best small festival“. Гласањето за овој избор стартува на 5ти октомври и ќе биде отворено до 7ми ноември на интернет старницата eu.festivalawards.com. Можност да бидат наградени ќе имаат и сите кои ќе учествуваат како гласачи, кои ќе имаат прилика да освојат влезници за сите фестивали победници на изборот и нов iPad3. Фестивалите кои ќе влезат во вториот круг на гласањето ќе бидат објавени на 12ти ноември, а победниците ќе бидат прогласени на 9ти јануари 2013 на свеченото доделување во рамките на фестивалот и конференцијата  Eurosonic Noorderslag во Холандија.

Победниците на European Festival Awards се избираат според бројот на гласови од публиката и стручното жири, а се годишно признание за работата на фестивалските организации. На овој линк секој може да гласа за својот избор на најдобар фестивал. Имено, сите значајни европски фестивали се натпреваруваат во повеќе категории. Публиката ги одбира победниците за Best Major Festival, Best Medium-Sized Festival, Best Small Festival, Best New Festival, Best Indoor Festival, Best Newcomer, Best Headliner, Festival Anthem of the Year, додека за останатите категории е задолжено стручното жири.

ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ повеќе од 14 години е музичкиот двигател во развојот на културниот живот во Македонија и израсна во најголемиот македонски фестивал посветен на алтернативен рок, поп, панк, електронска, реге и ска музика. Во склоп на програма на ТАКСИРАТ, најстариот зимски фестивал во Југоисточна Европа, досега се претставија повеќе од 250 бендови, артисти и диџеи од калибарот на Juliete Lewis, Kaiser Chiefs, Moonspel, Guano Apes, White Lies, Manu Chao, Delinquent Habits, B-Real, Asian Dub Foundation, Buraka Som Sistema, Gentleman, Buzzcocks, Kanipchen-Fi, Weding dub.,Fun Lovin’ Criminals, Haustor, Laibach, Rambo Amadeus, The Stranglers, Wailers, Athena, Let 3, Darkwood Dub, Забрањено Пушење, Kreator, Iggy pop & The Stooges, DJ Timo Maas, Kultur Shock, Суперхикс, Кирил Џајковски, Едо Маајка, Дисциплина Кичме, Тiga, The Roots, Marky Ramone, Audio Bullys, Swayzak, Neville Staple (the Specials), Bernays Propaganda, Elemental, Hladno Pivo и многу други.


Концептот на ТАКСИРАТ, покрај главната музичка програма, вклучува арт перформанси, уметнички филмови, театарски претстави, општествени кампањи кои промовираат позитивни вредности меѓу младата популација (No Pistols, Stop AIDS, Be A Volunteer), промовирање на нови музички изданија, претставување на неафирмирани артисти пред публиката и тн.
Првиот фестивал од Македонија член на Европската фестивалска асоцијација – YOUROPE, веќе ја освои „Green and Clean“ наградата која ги истакнува еколошките фестивали, а сега четврта година по ред, ТАКСИРАТ повторно ја има честа да биде во изборот за уште едно меѓународно признание, номиниран помеѓу најдобрите европски фестивали.
ГЛАСАЈТЕ И ОСВОЈТЕ ПО ДВА БИЛЕТИ ЗА СЕКОЈ ОД ПОБЕДНИЧКИТЕ ФЕСТИВАЛИ!!!