ПИВОЛЕНД 2012

ПИВОЛЕНД 2012

Почитувани вљубеници во пивото и добрата забава,

ве известуваме дека скопскиот фестивал на пивото Пиволенд, е повторно подготвен да ги отвори вратите за своето масовно фестивалско жителство, со нови забавни искушенија. Годинава, петтото по ред манифестирање на 60-часовните фестивалски обреди во чест на најстариот пијалок, ќе се одржи од 29-ти август до 2-ри септември. Локацијата на одржување е просторот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, за кој веќе е осмислено комплетното ново уредување и декорирање за оваа манифестација.

Покрај традиционално големиот избор на различни видови пиво, разновидната гурманска понуда, општествено одговорните кампањи, наградните игри, игротеката за возрасни и ракотворбите, Пиволенд и годинава оди чекор понатаму и постојано поместувајќи ги погоре границите на својот максимум,  подготви низа нови забавни атракции за кои наскоро ќе го имаме задоволството да ги откриеме. На фестивалските бини, за време на петте Пиволенд вечери нѐ очекува програмата исполнета со препознатливи музички имиња кои ќе бидат задолжени за најдоброто расположение на сите посетители, пиваџии, гурмани, фанови, воајери и журкаџии.

Пиволенд стартува со БАЈАГА И ИНСТРУКТОРИ

Првата објава е посветена на артистот кој со својот настап ќе го одбележи отворањето на оваа манифестација. Првиот фестивалски ден, главната бина на Пиволенд ќе го пречека легендарното рок име и регионалната ѕвезда, Бајага и Инструктори.

BRC7216-copy-1024x464

Момчило Бајагиќ Бајага уште во средношколските денови се истакна како популарен артист во редовите на групата Рибља Чорба, потпишувајќи се како автор зад повеќе хитови, а во 1984-та, Бајага конечно ја започна солистичката кариера. Стартот беше со деби изданието „Позитивна Географија“, по што следеа хит албумите „Са друге стране јастука“ (1985), „Јахачи магле“ (1986), „Продавница Тајни“ (1988) и „Нека свемир чује немир“ (1989)… Осумдесеттите години Бајага и Инструктори ги одбележаа како еден од најпопуларните и најтиражните домашни бендови. Списанието Рок го прогласи Бајага во 1984-та за „Рок личност на сезоната“, а музичкото списание Ритам му го додели епитетот „југословенски Пол Макартни“.

Својата позитивна музичка мисија, групата ја продолжуваат и во 21-иот век со албумите „Змај од Ноќаја“ (2001), „Шоу почиње у поноќ“ (2005) и последниот „Даљина, дим и прашина“ (2012) кој ќе го претстават токму на концертот во рамките на Пиволенд. Се проценува дека Бајага и Инструктори до сега вкупно имаат продадено повеќе од пет милиони носачи на звук.

На 29-ти август го очекуваме концертот кој ќе го одбележи стартот на најновото издание на Пиволенд и кој веќе сме сигурни, ќе биде концерт за паметење.

Влезот на фестивалот, како и секој година е бесплатен за сите посетители, а наскоро очекувајте ги останатите детали од годинашната богата програма на Пиволенд.

Се гледаме на Пиволенд 2012 – Дојди, види, испиј!