Notice
  • Simple Image Gallery Pro Notice: Joomla!'s /cache folder is not writable. Please correct this folder's permissions, clear your site's cache and retry.

Еуфоричен Green Beach финиш

Еуфоричен Green Beach финиш

Третото издание на Green Beach Festival го одбележа својот грандиозен финиш надминувајќи ги остварувањата од претходните години. Илјадниците присутни на вчерашната Green Beach фешта на преполната плажа Парк во Охрид го посведочија најдоброто досегашно издание на фестивалот, за кое покрај нив најголеми виновници беа и артистите задолжени за константниот еуфоричен електро денс драјв.

При самиот старт на фестивалската програма, за време на настапот на резидент диџеите Iceberg и Lephonq, Green Beach фановите ја преплавија комплетно трансформираната плажа Парк. Холандското денс дуо Sunnery James & Ryan Marciano уште со пристигнување беа нестрпливи за првата средба со своите македонски фанови. Сосема опуштени и наклонети во односот со публиката, пред да блеснат со одличен настап на сцената, новите ѕвезди на електронската денс сцена не пропуштија да го проследат настапот на Green Beach резидент диџеите за кои имаа само пофални зборови. Атмосферата на Green Beach кулминираше кога зад пултот застана ѕвездата на вечерта, транс легендата Armin van Buuren. Иако беше најавен двочасовен диџеј сет, маестралниот Armin van Buuren посака повеќе време да го задржи допирот со топлиот прием на публиката и спектакуларната атмосфера на Green Beach, продолжувајќи го својот сет за уште час и половина. Еуфоријата на фестивалот не стивна ниту за момент, а после настапот на Armin Van Buuren неуморната разиграна публика продолжи со исто темпо и кога визуелните ефекти на фестивалот веќе беа згаснати од утринското сонце на плажата Парк.

Им благодариме на сите посетители кои допринесоа за уште едно Green Beach издание кое долго ќе го паметиме и за уште поголемиот предизвик и мотив кој ни го оставија за следното издание на фестивалот.

Се гледаме на Green Beach Festival 2013!

{gallery}187{/gallery}