2CELLOS билети

2CELLOS билети

2CELLOS се ексклузивни гости на 52-рото издание на Охридско Лето во чии рамки на 2-ри август ќе одржат концерт во Античкиот Театар во Охрид, за кој организаторите гарантираат единствено доживување за македонските фанови и концерт кој ќе го одбележи годинашното 52-ро издание на оваа манифестација.

Славното виолончелско дуо Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер, кои за помалку од година дена од анонимни студенти прераснаа во ѕвезди на концертните арени ширум светот, на овој концерт ќе се претстави со избор од нивниот богат класичен репертоар кој сѐ до 2011-та година го одбележа нивното образование и ги оформи во врвни челиси, како и делата од успешниот прв албум „2CELLOS LUKA SULIC & STJEPAN HAUSER“.
Влезниците за нивниот концерт се веќе во продажба, а можете да ги најдете во продажната мрежа на МКтикетс, Југотон Рекордс во Скопје, ZZ Top во Охрид и продажните мрежи Tobacco и Together низ Македонија. Во продажба се три категории на влезници, во зависност од распоредот на седење, по цена од 800, 1000 и 1200 денари.


Билетите можете да ги резервирате и на следниве контакти:
тел.: 02/ 2775 430
моб.: 076 488 312
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Додека го исчекуваме нивното прво гостување во Македонија, светската атракција2CELLOS ја збогатува својата листа на освојувања на светската музичка сцена. Најновата вест е дека е потврден и нивниот концерт во престижната Wembley Arena во Лондон, каде ќе настапат покрај Елтон Џон и низа големи музички имиња. Ова не само што ќе биде уште една фасцинантна концертна вечер на 2Cellos, туку и концерт за значајна цел во рамките на хуманитарниот Peace one day концерт кој се одржува на Светскиот ден за мир, 21-ви септември. Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер немаат одмор и додека се на море – неодамна направија обработка на култната мелодија од филмот Pulp Fiction, а видеоспотот за песната го снимаа под море. Изјавија и дека за време на снимањето не е уништен ниту еден музички инструмент, а изведбата на новата обработка секако дека ќе имаме прилика да ја чуеме и во Охрид.