2CELLOS

2CELLOS

Охридско лето со гордост го најавува гостувањето на светската атракција2CELLOS, концертот кој ќе го одбележи годинашното, 52-ро издание на оваа манифестација.
Славното виолончелско дуо Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер, кои за помалку од година дена од анонимни студенти прераснаа во ѕвезди на концертните арени ширум светот, ќе одржат концерт во Античкиот театар во Охрид, на 2-ри август 2012. На овој ексклузивен концерт дуото ќе се претстави со избор од нивниот богат класичен репертоар кој сѐ до 2011-та година го одбележа нивното образование и ги оформи во врвни челиси, како и делата од успешниот прв албум „2CELLOS LUKA SULIC & STJEPAN HAUSER“. Не штедејќи се себе си, а ниту инструментите, тие се секојпат енергични на сцената со жестоките изведби на „Welcome to the Jungle“ на Guns N’ Roses, „Purple Haze“ на Jimi Hendrix и обработките на песни од Green Day, Coldplay, Red Hot Chili Peppers, Sting, Nirvana, U2, AC/DC, притоа рушејќи ги инструменталните граници и издигнувајќи го музичкиот перформанс на ново ниво со совршен спој на класичното и современото.

Метеорскиот успех на ова хрватско дуо започна после видеото поставено на „You Tube“ во кое двајцата челисти воодушевуваат со своите инструменти свирејќиобработка на песната „Smooth Criminal“ на Мајкл Џексон. Ова видео веќе брои речиси 6 милиони прегледувања и го отвори патот на 2CELLOS до потпишаниот договор со Sony и соработката со музичката легенда Елтон Џон, кој веднаш ги покани да му се приклучат на неговата светска турнеја. За нештата да бидат уште подобри, Лука и Стјепан од неодамна се дел и од менџментот на Елтон Џон кој комплетно ги презема нивните кариери. 2CELLOS веќе имаат настапувано низ најпознатите светски концертни арени, неодамна беа гости и во најпопуларното телевизиско шоу , шоуто на Џеј Лено, а со секој свој настап сѐ повеќе ја воодушевуваат светската публика.
На нивните спектакуларни концерт многумина фанови не успеваат да присуствуваат, бидејќи тие се секојпат распродадени со недели претходно. Во Охрид ќе ги видиме токму поради големиот интерес на публиката за ова концертно доживување и желбата на 2CELLOS прв пат да се престават и пред македонската публика.

Чест ни е што и покрај густиот распоред на светската турнеја со Елтон Џон, со кој изминатите месеци ги обиколија светските концертни сали, ја имаме екслкузивноста на Охридскиот концерт на 2CELLOS, кои гарантираат единствено доживување за македонските фанови на 2-ри август во Античкиот театар.
Дополнителните информации за концертот на 2CELLOS и продажбата на билетите ќе бидат објавени наскоро.

Биографија:
Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер, или едноставно 2CELLOS се светски музички феномен. Нивниот метеорски успех почнува после едно видео поставено на You Tube во кое двајцата челисти ги развалуваат своите инструменти свирејќи обработка на „Smooth Criminal“ на Мајкл Џексон. Освен што имаат потпишан договор со Sony, нивниот најголем успех се случува кога ги забележал Елтон Џон кој веднаш ги поканил да му се приклучат на неговата светска турнеја. За нештата да бидат уште подобри, Лука и Стјепан од неодамна се дел и од менџментот на Елтон Џон кој комплетно ги презема нивните кариери.


Успехот на Лука и Стјепан од ден на ден е се поголем, а бројот на нивните обожаватели секојдевно расте.
Дуто имаше настапи на Национални ТВ шоуа како што се „The Tonight Show With Jay Leno“, „The Ellen DeGeners Show“ (два пати за само 6 месеци) како и шоуто на Stefan Raab во Германија. На 21 јануари тие се појавија како специјални музички гости во хит серијата GLEE каде што ја изведуваа “Smooth Criminal“ во епизодата посветена токму на Мајкл Џексон. Тоа беше прв пат едно инструментално дуо да настапи во шоу од таков телевизиски формат. Песната со новиот аранжман имаше одлична продажба и дебитираше меѓу првите 10 на Billboard Hot 100 Digital Songs со што и албумот на 2CELLOS стана дела од Top 100.
Лука Сулиќ и Стјепан Хаусер свират чело уште од своето детство. Своите студии ги комплетирале во 2011 – Лука дипломирал на Royal Academy of Music во Лондон, а Стјепан на Royal Northern College of Music во Манчестер.


Лука има настапувано низ целиот свет и во многу познати концертни сали како London’s Wigmore Hall, Amsterdam’s Concertgebouw, Vienna’s Musikverein и Konzerthaus. Има добиено голем број на интернационални награди вклучувајќи ја и специјалната награда на VII Lutoslawski International Cello Competition во Варшава 2009 година.
Стјепан исто така има настапувано низ светот и во повеќето европски земји, како и во Јужна Африка, Нов Зеланд, Азија и САД, деби настапи во London’s Wigmore Hall, Royal Albert Hall, South Bank Centre и Amsterdam’s Concertgebouw. Тој бил последниот ученик на Mstislav Rostropovich. Во неговата куса кариера, Стјепан досега има освеоно први награди на дваесетина национални и интернационални натпревари и имал два настапи за Принцот Чарлс во Buckingham и St James‘s Palace.
Дуто ‘’2CELLOS’’ во моментов е на светска турнеја со Елтон Џон, но истовремено реализираат и самостојни концерти. Се подготвуваат и за снимање на нивниот втор албум кој оваа есен би требало да се појави на пазарот.