Green Beach Festival 3: ARMIN VAN BUUREN

Password Production и Octopussy Entertainment со особено задоволоство го најавуваат настапот на грандиозниот денс артист Armin Van Buuren, најзначајниот транс диџеј и продуцент на денешницата. Armin Van Buuren го потврди својот настап на годинешното, трето издание на Green Beach Festival, кое ја продолжува традицијата на најдобриот летен настан во Македонија и веќе сигурно се зацврстува на позицијата на најквалитетните електро случувања кај нас.

Изминатите изданија на Green Beach Festival останаа запаметени по незаборавните журки на десет илјадната публика до утринските часови на плажата Парк во Охрид, каде се лудуваше на незаборавните диџеј сетови на легендарните Paul Van Dyk, John Digweed и роденденскиот сет на диџеј маестрото Carl Cox.

На истата локација, на 2. август, клубската публика ова лето ја очекува дружба со најголемата светска диџеј ѕвезда Armin Van Buuren, една од првите асоцијации за клубската музика и најдобиот транс артист на декадата.

Во моментов Armin Van Buuren е на нова светска турнеја, а наше особено задоволство е што на оваа „туринг“ листа се најде и Охрид како единствен град во регионов кој може да го очекува настапот на овој светски артист. Armin Van Buuren e главниот хедлајнер кој го објавуваме од екслузивната програма за ова лето, но бидете подготвени за повеќе информации!
Информациите за продажбата на билетите за Green Beach Festival 3, ќе бидат дополнително објавени!

Армин Ван Бурен (роден во Холандија на 25 декември, 1976 година) е едно од најголемите продуцентски и диџеј имиња на светската транс и електронска сцена. Тој беше назначен за најдобар диџеј во светот според престижната DJ MAG Top 100 листа и тоа четири години последователно, од 2007ма до 2010та. Со тоа стана првиот диџеј во историјата на DJ Magazine кој го постигнал овој успех, што е дополнителна потврда за неговите музички остварувања во 14годишната кариера како диџеј и продуцент. Тоа што е носител на официјалното признание Светски Најпопуларен Диџеј е само уште едно во низата негови достигнувања, но движечката сила зад неговито успех е исклучителната страст за денс музиката.

Армин Ван Бурен отсекогаш имал свое студио и работел сам на почетокот на неговата кариера. Но од издавањето на својот трет студиски албум „Imagine“, од 2008. година тој работи со Бено Де Гоеиј на сите соло изданија и ремикси. Тој е добро познат и по неговиот “Годишен Микс” кој вклучува спотови и спој од најпопуларните годишни транс траки. Секој негов годишен микс се состои од околу 85 одделни изданија, изменети во двочасовен микс и издаден на двојно ЦД. Според Армин Ван Бурен, за секој годишен микс треба време од неколку месеци, вклучувајќи илјадници дигитални аудио уредувања и стотици аудио приклучоци.
Од 1995 година, Армин Ван Бурен има издадено голем број успешни траки за разни музички продукции. Неговиот прв голем успех беше “Blue Fear“ кој го оствари со Cyber Records на возраст од 19 години. “Communication“ беше издаден за истата музичка продукција, и имаше огромно влијание на Ибица, Шпанија, во текот на летото 1999 година. Армин Ван Бурен ја започна својата кариера како диџеј во клубот Нексус во Лајден, каде што пушташе сетови, долги по шест-седум часа. Неговата кариера драстично се забрза влегувјќи во DJmag листата Топ-100 во ноември 2001. година на 27мата позиција.
Сопствената дискографска куќа Armada music, тој ја основа во 2003.година, заедно со Maykel Piron и David Lewis. Издавајќи траки на најголемите имиња на транс сцената, прогресив и хаус музиката, како и организирањето на клубски настани, го зацврсти местото на Armada како вечно растечки бренд во денс индустријата и после 9 години постоење.
2008.година започна со успехот кој се чини дека ја привлече титулата Број еден Диџеј; тој беше награден со престижната Buma Cultuur Pop Award во јануари. На ова следуваше и титулата за Best Trance Artist на Beatport Music Awards во март; судејќи според постигнувањата како музички артист, интернационалниот успех, евидентно е дека Armin van Buuren прерасна во најмоќниот и највлијателен транс артист на декадата.

sajt2
Во неговата музичка биографија забележано е и здружувањето со Тиесто, кое доведе до два нови проекти: Major League – “Wonder Where You Are?” кој беше издаден за Black Hole Recordings и Alibi – “Eternity”. “Eternity” доби клубски успех и успех на топ листите и беше потпишан за музичката издавачка куќа на Пол Ван Дајк, Vandit Records. Следеше уште една голема соработка: заедно со Фери Корстен, Армин Ван Бурен сними класичен риф насловен “Exhale” за албумот System F. Издаден како сингл, оваа трака стигна до златен статус за помалку од еден месец.
Само скратената листа со неговите последни остварувања изгледа како животно дело на други артисти: ‘Best Album’ за албумот ‘Shivers’ според Dutch Release Dance Awards и популарните Edison Awards; ‘Best Compilation’ за ‘A State Of Trance’ (2006), ја добива ‘Best European DJ’ наградата во 2007.година и ‘Best Mix Radio Show’ на Miami Winter Music Conference во 2006. и 2007., за мега-популарното радио шоу ‘A State Of Trance’ кое сега масивно се емитува на 40 ФМ радио станици, како и на сателитски и интернет радио станици, со повеќе од 26 милиони слушатели неделно; а веќе пет години Armin Van Buuren е резидент диџеј во клубот „Amnesia“ на Ибица и има преку 50.000 интернет превземања на неговата музика секоја недела, од високо котирачките позиции на топ сингл листите насекаде низ светот.