SHAZALAKAZOO во Германија

SHAZALAKAZOO во Германија

После трите концерти во Романија и двата настапи во Шведска, електронскиот музички бенд од Белград, ShazaLaKazoo денеска и утре настапува во Германија. Вечерва ги исчекуваме првите импресии од нивниот концерт на Jawala Festival во Фрајбург, кадешто фолкстеп дуото е хедлајнер на првата фестивалска вечер. Покрај ShazaLaKazoo, на овој фестивал настапуваат и  Papaul, Tawara Shen Kool и CMC&Silenta Soundsystem. Утре, 5ти мај, ShazaLaKazoo продолжува на концерт во  Breidenbach Studios, во Хајделберг, во рамките на Banana Republic настанот.

По концертите во Германија, и македонската публика, на 19ти мај во рамките на Гурман Фест во Скопје, ќе ја има можноста да се забавува на игривата елктронска бас музика на ShazaLaKazoo дуото. Од Скопје, нивната турнеја продолжува во Хрватска, Франција, Холандија, Италија.

Подгответе се за уникатниот балкан-латино-афро спој на музичката „сателитска држава“ ShazaLaKazaoo!