Мизар и Marilyn Manson

Мизар и Marilyn Manson

Мизар, великаните на македонската дарк-рок сцена, во јуни ќе настапат во Белградска Арена заедно со светски познатиот ексцентрик Marilyn Manson. Нивните настапи во Белград се во рамките на новиот белградски музички фестивал кој годинава ќе го има своето прво издание, IQ music festival. Настапoт на Marilyn Manson на овој фестивал е дел од неговата нова турнеја „Hey Cruel World“, а покрај него и Мизар, организаторите ги потврдија и настапите на српскиот бенд Block Out, култните Liaibach и британскиот состав Dirty Vegas sound system.

IQ music festival е во организација на Белградска културна мрежа, која стои и зад белградскиот Beer Fest. Повеќе информации за продажбата на влезниците и датумот на одржување на фестивалот очекуваме наскоро.

Официјалната „Фејсбук“ страница на фестивалот е https://www.facebook.com/iqmusicfestival.