Суперхикс на Trenchtown

Суперхикс на Trenchtown

Втората најава на изведувачи кои оваа година ќе се појават на фестивалот Trenchtown во Палич, Србија, продолжува со најавата на настапот на Суперхикс на големата бина на фестивалот, на првиот од трите фестивалски дена, 30ти Април. Заедно со Суперхикс, на големата бина, првиот ден ќе застанат и Ева Браун, бендот кој го чекаме во Скопје само 2 дена пред Тренчтаун, ден потоа EYESBURN, Atheist Rap, JINX и уште многу сеуште необјавени артисти.

Влезници за фестивалот (дневни или комплет за 3 дена) може да се купат преку www.gigstix.com, по цена од 820RSD и 1980RSD. Новостите и артистите на Trenchtown може да ги следите на нивната официјална facebook страна, како и на нивниотвебсајт - http://www.trenchtown.org/