Доаѓа Ева Браун

Доаѓа Ева Браун

После дваесетгодишни договори и преговори, Ева Браун конечно во Скопје. На 28. април (21 часот) во клубот Хавана, Password продукција со гордост го најавува првиот македонски настап на Ева Браун, еден од најоригиналните и најсофистицирани бендови на српската сцена, состав кој 2007. година го имаше својот голем камбек, а три години подоцна и долгоочекуваниот повратнички албум Playback.

ва Браун е поп група која доаѓа од малиот Бечеј, Србија, формирана 1989. година од Горан Васовиќ и Петар Долинка, набргу подоцна придружени од Милан Главашки и Љубомир Рајиќ. Под големо влијание на The Beatles, The Who и The Jam, деби албумот од 1992. година Прислушкивања (реализиран на тридесетогодишницата од издавањето на првиот сингл на Битлс), веднаш ги лансира во кругот на најреспектираните нови домашни бендови. Нивниот втор албум Unplugged година подоцна, е само вовед во она што ќе се случи во 1995та – реализирањето на нивниот легендарен албум Pop Music, за издавачката куќа B92, еден од ретките оптимистички изданија во времето на големата економска депресија и етничка психоза. Опремен со разбирливи ноти и пораки, Поп Мјузик со отворено срце беше веднаш прифатен од публиката, а со иста енергија и од критиката. Албумот ги донесе, денес големите хитови “Сасвим обичан дан“, “Змајеви“, “25. август” и “Сада не знам где сам не знам шта”. Желбата за експериментирање ги води три години подоцна во нови води на албумот Heart Core. Следуваат Nowhere Land (1999, ZIP Records), First & Last (2000, Аутоматик) и секако Еверест (2001, Б92). По распаѓањето на бендот и нивното долгопосакувано реофорување во 2007. година во оригиналната постава, Ева Браун во 2010. година го реализираше албумот Playback, за Exit етикетата, и тоа како издание за бесплатно превземање. Нивната листа на музичари со кои соработувале е огромна, а помеѓу останатите тука се и Влада Дивљан од Идоли, како и актерот Сергеј Трифуновиќ.

Со песната “Сасвим обичан дан”, Б92 ги вброи во својот избор на 100те најдобри домашни песни, а албумот Прислушкивања се најде во најдобрите 100 во изборот на книгата YU 100: најдобрите албуми на југословенската рок и поп музика, на авторите Душко Антониќ и Данило Штрбац.

Претпродажбата на влезниците за концертот на Ева Браун – наскоро, во продажната мрежа на МК Тикетс.

Free download