Февруарски поход

Февруарски поход

По педесетте концерти во 2011-та година Суперхикс се повторно во акција. По јануарските пости, фавруари е месец кога Суперхикс традиционално тргнуваат во поход. Првата дестинација е клубот кадешто Суперхикс пред точно 10 години го имаа својот прв интернационален настап. Легендарниот загребcки клуб KSET (Клуб на студентите на Електротехника) на 17ти февруари ќе биде домаќин на долгоочекуваниот соло концерт на Суперхикс. Ова воедно ќе биде и почетокот на славеничката година за Суперхикс во која тие ќе го прославуваат своето полнолетство, 18те години од формирањето на бендот. Славениците за оваа година подготвуваат нов албум, голем скопски солистички концерт и концерти низ цела Европа.


Ден подоцна, февруарскиот поход се движи кон Словенија на карневалот Kurentanc во Птуј. Тридневниот карневал ќе се одржи во двораната Кампус, а покрај Суперхикс вечерта ќе настапат и Дубиоза Колектив и Дискобајаги. На тридневниот хепенинг учествуваат и Magnifico + Turbolenza, Lollobrigida, M.C. in The Boonker и голем број диџеи.


KSET Загреб, Хрвaтска / www.kset.org


Kurentanc карневaл (Дворана Кампус) Птуј, Словенија / kurentanc.si