Што се случуваше – Eurosonic Noorderslag

На крајот од уште едно успешно издание на Eurosonic Noorderslag , одлична можност за промоција имаа преку 250 музичари и бендови од сите делови на Европа, кои во текот на четирите фестивалски денови имаа можност да се претстават пред преку 4000 експерти од музичкиот бизнис.

Eurosonic Noorderslag досега моќно делувал врз развојот на музичките кариери на веќе успешни артисти како: White Lies, James Blake, Lykke Li, Kings of Convenience, Mando Diao, Ska – P и многу други музичари кои благодарение на Eurosonic го забрзаа процесот кон светската слава.

Дискусиите, односно панелите водени од големите европски фестивалски имиња и нивните претставници, се едни од највлијателните средби од овој тип во Европа.
Распоредот и темите околу кои се водеа разговорите оваа година, може да се разгледаат ТУКА

Во текот на Еуросоник се случи третото по ред доделување на фестивалски награди, каде со преку 350.000 гласови за 200 Европски Фестивали од 32 држави, победници беа:

Best Major European Festival – Sziget Festival (Hungary)
Best Medium-Sized European Festival – Off Festival (Poland)
Best Small European Festival – Haldern Pop (Germany)
Best New European Festival – Extrema Outdoor (Belgium)
Best Indoor Festival – I Love Techno (Belgium)
Best European Festival Line-Up – Rock Werchter (Belgium)
YOUROPE Green ‘N’ Clean Festival Of The Year – Melt! (Germany)
Artist’s Favourite European Festival – Southside / Hurricane (Germany)
Best Newcomer association with Eurosonic Noorderslag – James Blake
Best Headliner – Coldplay
Festival Anthem of the Year – Coldplay ‘Viva La Vida’
Virtual Festivals Europe presents Promoter Of The Year – FKP Scorpio (Germany)
YOUROPE Lifetime Achievement Award – Michael Eavis, Glastonbury (UK)

Големиот број на дневни активности, концерти, средби, заклучоци, предлози и дружења од изминатиот викенд се прегледно подредени на официјалниот веб сајт на Еуросоник..

..до наредната година!