Пасворд во 365 чекори

Пасворд во 365 чекори

Во првите 5 месеци на 2011та, M.O.P, Gentleman and the Evolution, Суперхикс и Култур Шок одржаа соло концерти во Скопје, во организација на Пасворд Продукција, која беше одговорна и за новите изданија на бендовите High Control и Blla Blla Blla.

Следеше Балканската турнеја на Ману Чао, отворени работилници – проект Музика без граници, концертни турнеи на Суперхикс, Кирил Џајковски, Дубиоза Колектив, второ издание на Green Beach Festival, прво издание на Д Фестивал, четврто Пиволенд издание на нова локација, тринаесетто Таксират издание..

780149ddfa09fbd86eb140fe6810d770 L

Dubioza Kolektiv беа овогодинешните победници на изборот на MTV Best Adria act! Dubioza беа номинирани по трет пат за оваа награда, но овојпат победија во конкуренција на Hladno pivo, Magnifico, S.A.R.S. и SevdahBABY. Популарниот босанско-херцеговски бенд триумфираше благодарејќи пред сѐ на најголемиот број освоени гласови од посетителите на веб-страницата mtvema.com. Воедно, тие оваа година поминаа 20 држави и одржаа над 100 концерти. Нивниот новогодишен настап ќе се случи во Ријека, Хрватска, а во јануари 2012та година ја започнуваат европската турнеја.

По големиот соло концерт кој се случи на 3ти март во клуб Колосеум во Скопје, неуморната банда инструментале Суперхикс оваа година турираа 10 земји и одржаа 50 концерти, настапувајќи со имиња како Bad Religion, NOFX, Asian Dub Foundation, Gogol Bordelo и Flogging Molly. Доволно за да ги одложат инструментите и подготват за нивната европска турнеа која започнува во февруари 2012. година, а веднаш потоа работата на нивниот нов албум, како и големиот концерт по повод 18годишнината на постоењето на бендот.

261f09v

Оваа година Кирил буквално го обиколи светот, како со настапи, така и со признанијата кои стигаа од сите 4 страни. По богатата тунеја, во чии рамки годинава одржа концерти низ Германија, Полска, Белгија, Луксембург и балканските земји, Кирил Џајковски ја продолжи својата мисија работејќи на два филма во моментов. За новогодишната ноќ Кирил ќе настапи во Сараево, Босна и Херцеговина.

taksi-rat-kraj-RadioMK

Како и што ветивме, на 3. декември Скопје повторно беше превртено. Таксират фестивал – официјално најголемиот и најстар јужноевропски зимски фестивал, во Метрополис Арена за време на деветте часа концертно Таксират финале, повеќе од 5.500 таксиратџии повторно го превртеа Скопје наопаку, so енергичнite nastapi na Верка, Т.Б. Трачери, Clawfinger, Asian Dub Foundation, Fat Joe, Kaiser Chiefs Buraka Som Sistema. За време на изминативе осум фестивалски дена, Таксират го посетија вкупно 13.000 посетители кои знаат како да го превртат Скопје наопаку, а со тоа бројот на Таксират „омладинци и омладинки“ во изминативе 13 години се искачи на вкупно 208.000. Во седумдневното загревање со програмата на offTaksirat, публиката еуфорично ги посведочи настапите на артистите препознатливи по својата концертна моќ: Дубиоза Колектив, Дискобајаги, B-Real, Psycho Realm, Atari Teenage Riot, S.A.R.S., Jaya The Cat, Kawasaki 3p, Нежни Далибор, Rise of Artificial, General Woo feat. Lil Bear & Dirty Hairy, Канон, Гласном, Кантон 6, Project 2501, Raw’N’Wicked, ДиЏеј Славе, Scratch That Drum, Шутка Рома Рап, Kreepr и Selector Lazy Face.

Fat-Joe-kraj-RadioMK

Од 2ри до 19ти април, во продукција на Password се одржа десетдневната априлска балканска турнеја на Manu Chao La ventura, насловена “Balkan Happy tour”. Откако Македонија имаше ексклузивна прилика да ги види френетичните Ману Чао и Ла Вентура на минатогодишниот Таксират 12, задоволството да го дружат на неговото посебно балканско појавување го имаа Љубљана, Загреб, Сараево, Нови Сад, Приштина, Тирана, Софија, Букурешт и Истанбул. После девет години еклектичниот артист Manu Chao повторно го излуди Балканот со специфичноста на неговите концерти и очекувано, влезниците за речиси сите концерти беа распродадени. La Ventura е новата успешна формула која Manu Chao ја изведува со своето трио од минатата година: атмосфера исполнета со френетичен панк рок, класична шпанска гитара, текстови во кои често се интегрирани ставовите на Manu Chao за општествените проблеми (имиграција, живот во гето и сл.), латино влијанија, реге и многу позитивна енергија.

manucha

Летото од 2011 година ќе остане запаметено и по вториот по ред Green Beach фестивал, во организација на Octopussy Entertainment и Password Production. Во рамките на ова издание, на 29ти јули, во Охрид настапија планетарните диџеј ѕвезди Carl Cox и John Digweed. Ова беа единствените нивни гостувања во поширoкиот регион, а Green Beach воедно ја имаше честа да биде и роденденска забава на диџеј маестрото Carl Cox.

 

 

Carl-Cox-June-Chart

Нивните исклучителни настапи и илјадниците фанови на електронската музика кои ја преплавија плажата Парк во Охрид и тоа сите наоружани со позитивна енергија, со сигурност допринесоа ова издание на Green Beach да го надмине минатогодишниот грандиозен настап на Пол Ван Дајк и догодина да го очекуваме следниот Green Beach спектакл.

Израснат од идејата за уникатен open-air музички хепенинг кој ќе понуди алтернатива за згаснување на жедта за квалитетен летен фестивал и тоа на автентичното дојранско крајбрежје, Д Фестивал на најдобар начин ја потврди и ја оправда својата иницијатива. DJ Vladich, Antenna 5 DJ’s и најголемите македонски концертни атракции Суперхикс и Кирил Џајковски, го одбележаа премиерното издание на Д Фестивал на 1ви август 2011. Неколку илјадната публика која непрестано се забавуваше со најдоброто од современите музички случувања кај нас, одличната атмосфера која постојано беше доведувана до еуфорија и целовечерниот драјв на позитивна енергија нé задолжи за уште поголемо следно издание.

224525 187528754645404 100001648412300 553855 7377753 n

ПИВОЛЕНД и оваа година покажа дека е една од најпосетуваните манифестации во Македонија и ја продолжи традицијата на раст со секое ново издание на петдневното фестивалско лудило. Годинава по четвртти пат Пиволенд ги отвори вратите за љубителите на пивото и добрата музика, успевајќи, од 31ви август до 04ти септември, илјадниците посетители да ги привлече кон фестивалските искушенија. Откако на ланското издание ги сруши рекордите во Македонија за посетеност на настани од ваков вид, годинава фестивалот се одржа на нова поголема локација, што се покажа соодветно за уште поголемата масовност на Пиволенд. Паркингот пред С.Ц. „Борис Трајковски“ беше специјално опремен и уреден за овој настан, со повеќе фестивалски бини, најголем избор на домашни и странски видови пиво, игротека за возрасни, филмски проекции, ракотворби, социјални кампањи и преносите во живо на натпреварите од ЕвроБаскет 2011. Во рамките на акцијата за безбедност во сообраќајот, годинава беше организиран и посебен автобуски превоз за посетителите на ПИВОЛЕНД.

155mivm

За крај и една ексклузива од нас – дуото Shazalakazoo од денес е под наша капа. Милан Ѓуриќ и Урош Петковиќ се кријат зад ова несекојдневно брејкбит-џез-рок-реге-фанк цунами, сето тоа измешано со препознатливите балкански хармонии. Формирани се 1998. година како желба да го електрифицираат балканскиот, поточно словенскиот, ромскиот, влашкиот, грчкиот и албанскиот звук на свој, сега веќе препознатлив начин. Нивната дискографија е огромно множество на ултразабавни ремикси , а нивните настапи се уникатно доживување.

Проверете на: www.shazalakazoo.com