Notice
  • Simple Image Gallery Pro Notice: Joomla!'s /cache folder is not writable. Please correct this folder's permissions, clear your site's cache and retry.

Скопје повторно превртено!

Скопје повторно превртено!

Таксират фестивал – официјално најголемиот и најстар јужноевропски зимски фестивал, вчера го заврши своето тринаесетто издание со експлозивниот настап и африканскиот кудуро ритам на португалската супергрупа Buraka Som Sistema.

Вчера во Метрополис Арена за време на деветте часа концертно Таксират финале, повеќе од 5.500 таксиратџии повторно го превртеа Скопје наопаку, енергично започнувајќи ја вечерта со љубителите на цврстиот звук. Првите посетители беа верните метал поданици кои го проследија одличниот настап на македонскиот метал бенд Верка, а веднаш по нив првите редови на бариерите беа отстапени за секогаш еуфорично разиграните фанови на инди феноменот Т.Б. Трачери. Моќниот звук на Таксират сцената продолжи со настапот на едно од најголемите имиња на фјужн метал-рап сцената Clawfinger.

Asian Dub Foundation со самото пристигнување во Скопје јасно покажаа дека се целосно расположени да го дадат својот максимум за македонската публика и на овој концерт приредија уште еден нивни уникатен перформанс на алтернативните звук комбинации. По нив, на Таксират сцената се појави хип хоп ѕвездата Fat Joe, кој веднаш по атрактивниот настап, несебично одвои време зад сцената за да се подружи со своите најупорни фанови.

Очекувано, Таксират лудилото оваа година го имаше својот максимум за време на настапот на главните хедлајнери Kaiser Chiefs кои покрај тоа што беспрекорно звучат на сцена и многу поенергично отколку на било која студиска верзија, умешно знаат да развијат посебен флуид меѓу нив и публиката. Популарниот англиски бенд кој важи за вистинска инди рок концертна атракција, настапи во Скопје за првпат, промовирајќи го својот бест оф опус и последниот албум The Future is Medieval.

За време на изминативе осум фестивалски дена, Таксират го посетија вкупно 13.000 посетители кои знаат како да го превртат Скопје наопаку, а со тоа бројот на Таксират „омладинци и омладинки“ во изминативе 13 години се искачи на вкупно 208.000. Во седумдневното загревање со програмата на offTaksirat, публиката еуфорично ги посведочи настапите на артистите препознатливи по својата концертна моќ: Дубиоза Колектив, Дискобајаги, B-Real, Psycho Realm, Atari Teenage Riot, S.A.R.S., Jaya The Cat, Kawasaki 3p, Нежни Далибор, Rise of Artificial, General Woo feat. Lil Bear & Dirty Hairy, Канон, Гласном, Кантон 6, Project 2501, Raw’N’Wicked, ДиЏеј Славе, Scratch That Drum, Шутка Рома Рап, Kreepr и Selector Lazy Face.

Им благодариме на сите посетители на Таксират 13 и ви закажуваме средба догодина.
Скопје повторно превртено!

{gallery}153{/gallery}