Таксират во избор за најдобар европски фетсивал

Таксират во избор за најдобар европски фетсивал

По номинацијата на британските награди за „Best Overseas Festival“, Таксират оваа година е повторно и во изборот за европските фестивалски награди и тоа со номинации во две категории, „Best Indoor Festival“ и „Best Small Festival“. Наградите на European Festival Awards се меѓународно признание насочено кон препознавање на напорната работа на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена. За повеќето награди одлучува публиката, со онлајн гласање, со што фестивалските фановите имаат можност да им покажат на организаторите колку и каде најмногу уживале. Само за одредени категории се одлучува со тим на експерти од музичката индустрија кои ги вреднуваат стручните организациските елементи кои се одвиваат зад сцената и за кои публиката не е секогаш свесна.

Гласањето се одвива од 24 октомври до 06 декември и е овозможено на веб страницата http://eu.festivalawards.com/vote/ . Во секоја категорија може да се гласа само за еден фестивал, а со секое гласање имате можност да влезете во извлекувањето за Dream Summer наградата, со која организацијата European Festival Awards ќе го награди среќниот добитник со влезници за победничкиот фестивал од секоја категорија.

Покрај European Festival Awards, компанијата Festival Awards Ltd., заедно со европската фестивалска асоцијација YOUROPE веќе традиционално секоја година ги доделува и британските фестивалски награди во 15 категории. Веќе трета година по ред ТАКСИРАТ е во номинација и за фестивалската награда “Best Overseas festival” (“Најдобар странски фестивал”) на UK Festival Awards. Овогодинешните победници на UK Festival Awards ќе бидат прогласени на 15ти ноември на главната конференција во лондонскиот British Music Experience, а финалната вечер на European Festival Awards ќе се одржи на 11ти јануари 2012, во Холандија.

Таксират фестивал оваа година ќе се одржи по тринаесетти пат, а во неговото најново издание, почнувајќи со претфестивалската програма од 25 ноември до главната фестивалска вечер во Метрополис Арена на 03 декември, повторно ќе ве очекуваат великаните од светската музичка сцена и препознатливата фестивалска атмосфера. Во рамките на својата програма, Таксират досега беше домаќин на бројни музички имиња, како: Manu Chao, Gentleman & The Evolution, White Lies, Juliete Lewis, Moonspel, Elemental, Guano Apes, Кирил Џајковски, Kanipchen-Fit, Fun Lovin’ Criminals, Хаустор, Laibach, The Stranglers, Wailers, Athena, Kreator, Iggy Pop & The Stooges, DJ Timo Maas, Kultur Shock, Тiga, The Roots, Marky Ramone, Neville Staple (the Specials) и низа други.